Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 736810 пати)

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4097
  • MadaFunker
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4065 на: 26 Јуни 2026, 23:04:22 pm »
И од Кичево не е најсјаен патот ама се вози. Инаку за Грција само преку Меџитлија возам, минимално чекање.

@ficomk  За накај Врахос да знаеш дека 30 проценти од патот е во една лента, као работат ама не се гледа :)
New blood of old school

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8372
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4066 на: 26 Јуни 2026, 23:29:02 pm »
Полош од Бт Пп неможе да биде
Де бе, толку е лош? Знам пред неколку години дека имаше џумки многу.....

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk
Се прави сега. На две места пренасочувања има по селски патишта.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8344
  • Плинаш!!!
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4067 на: 27 Јуни 2026, 08:08:16 am »
Сакам на крај на јули до крани да тркнам на некој ден и планирав од таа страна да одам.  Ама чим викате дека е лом патот, тогаш ќе мора друга алтернатива. Дали е подобро да одам до Охрид па преку Ресен или преку Кичево? Каков е патот Охрид-Ресен? Последно пред неколку години знам беше добар.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7252
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4068 на: 27 Јуни 2026, 11:17:03 am »
Од Ново Лагово па до Тополчани, во тој дел првите 5-6 км се навистина лом од стариот пат бидејки по него се вози.

Плетвар е катастрофа исто така 5 км, на две-три места има толкави кратери што мораш или скрос десно да возиш до работ или пак да навлезеш во спротивна лента, или ке отиде тркалото макар возел и 40.
Но и новиот дел што го рехабилитираа кај превојот исто така на многу места попушти, ама тоа е цената за претоварот на камионите кои ги форсираат за новиот автопат.

После од Лукоил-Прилеп па се до Ново Лагово исто така е тешка катастрофа.

Засега нажалост ако треба накај Битола да се оди, ако се мора, ако не, барајте од околу други патишта макар и 50-100 км возеле подолго, подобро плати 5 литри повеке гориво отколку да ја кршиш колата.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7794
  • French diamond
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4069 на: 27 Јуни 2026, 12:04:35 pm »
Да те поправам, тоа е цената на крадењето, корупцијата и не работењето по стандарди. 2 цм асвалт слепците ќе стават и ќе се фалат ќе сечат ленти.



Една третина од ова да стават нашите арамии ќе сме на коњ. Мислам дека плус и асвалт ќе оди над ова. Башка колку арматура има во него, тоа не го сликав. Ама ќе тера 100 години и пак на крај ќе испадни поефтино од фушерај на секој 5 години..

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2541
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4070 на: 27 Јуни 2026, 13:34:01 pm »
Не е поентата да испадне поефтино, поентата е да се прават тендерчиња секои 3-4 години.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7794
  • French diamond
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4071 на: 27 Јуни 2026, 13:43:46 pm »
Затоа е Македонија земја на Голфот, тие се магарина наменети за такви патишта.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8344
  • Плинаш!!!
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4072 на: 27 Јуни 2026, 17:21:18 pm »
Од Ново Лагово па до Тополчани, во тој дел првите 5-6 км се навистина лом од стариот пат бидејки по него се вози.

Плетвар е катастрофа исто така 5 км, на две-три места има толкави кратери што мораш или скрос десно да возиш до работ или пак да навлезеш во спротивна лента, или ке отиде тркалото макар возел и 40.
Но и новиот дел што го рехабилитираа кај превојот исто така на многу места попушти, ама тоа е цената за претоварот на камионите кои ги форсираат за новиот автопат.

После од Лукоил-Прилеп па се до Ново Лагово исто така е тешка катастрофа.

Засега нажалост ако треба накај Битола да се оди, ако се мора, ако не, барајте од околу други патишта макар и 50-100 км возеле подолго, подобро плати 5 литри повеке гориво отколку да ја кршиш колата.
Значи да си терам до Охрид, па Ресен па Претор. Не дека до Охрид нема делови каде што е катастрофа, ама па има и нов дел.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6382
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4073 на: 27 Јуни 2026, 17:36:12 pm »
Не е болка за умирање не знам шо се тресите толку, да го возиш за работа два пати денот ајде де, ма да ете го возат луѓе секој ден за на работа и назад еве живи се тие и колите. Третина град е новопечени скопјани шо се враќаат бт секој викенд, ете и тие живи се.

Како небаре по писти возите низ државата секаде и со бугатиа, а не со косилици од 3500 евра.
. Ништо не фали по стариот пат цело време ако се вози без горе по новиот да се илегува, тука пред пругата има по некоја длапка кај мостовите и тоа е тоа.
Полош беше нормалниот пат 5 пати повеќе него овај.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3929
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4074 на: 27 Јуни 2026, 17:41:36 pm »
Не е проблем за вас што работите локално, ние што шпартаме по државава проблем ни е, ги испокршивме колите.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6382
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4075 на: 27 Јуни 2026, 17:52:27 pm »
Не е сјаен али далеку од не возлив е. Да за тие ши се по патишта нон стоп има разлика, неспорно тоа, ама овие другите шо го возат еднаш на три години и плачат не ги разбирам, како небаре Јунгас Боливија треба да го поминат.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8344
  • Плинаш!!!
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4076 на: 27 Јуни 2026, 18:15:32 pm »
Сеа вреди да се кружи или не вреди? Дај бидете прецизни. Исто битно ми е да стигнам побрзо поради тоа што бебуш нешто не обожава да се вози долго. Исто битно ми е да нема застои по пат поради градежни работи.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7252
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4077 на: 27 Јуни 2026, 18:16:24 pm »
Вреди, подобро 500-1000 денари во гориво, отколку повеке пари во предница, искривени бандажи, гуми, амортизери да ги даваш парите.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8344
  • Плинаш!!!
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4078 на: 27 Јуни 2026, 18:24:05 pm »
Еееее тоа ми е битно. Фала Фиљо!

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7252
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4079 на: 27 Јуни 2026, 18:33:08 pm »
Охрид-Ресен е генерално добар, иако на некои места има вдлабнатини, ама не се дупки за да се искрши колата.

Внимателно само, ама затоа патот е навистина супер, наоколу пејсажи имаш навистина убави.

Ако работи ресторан Вулкан во село Косел, застани, превкусно ребро во фурна имаат.

И не мириса во тој дел од тоа вулканот, и плус одма до мала река е ресторанот.