Ако некој оди (а одиме сите) за Солун, веднаш по преминот МК Гевгелија (на 50-тина метри од границата кон ГР) на десните ленти кон грчкиот премин има СТРАШНО ЛОШИ дупки. Не се ни познаваат како нешто посебно опасни, ама излезните рабови се (како) намерно изострени. Одам пред неколку дена со брзина 20-30 (а колку и може оддалечен нецели 50-тина метри од нашите царинци) одеднаш јак удар и гадно стружење на бандаж по асфалт. Двете десни лом исечени по 10-тина см. Веднаш дојдоа шофери од другата страна, ми даваат тел. од вулканизери и кажуваат дека ова постојано се случува, на 1-2 дена има по некој.
На тел љубезно се јавуваат, барам 225/40/18-ки е такви има само Сава летни. Тоа е, носи две, барем со цената релативно поволно: 200 Е комплет со доаѓање, менување и балансирање. За пола саат дојдоа со комбе целосно опремено, машина за вадење, за балансирање, компресор. Уште 15 мин. и се е готово, дури и фискална ми ветија ќе ми пратат по пошта (и пратија, поштен народ

).
Криво ми е за гумите, стари беа нецели 6 месеци, напред Конти ол сизан, назад Нексен. Па така сега си имам од се по нешто, една Конти, една Нексен. 2 Сава летни, две Гудијр 225-ки и 2 Гудијр 255-ки, можам продавница да отворам

Па се тешам, добро е што не беше 4х4 а намерно бегав од таква кола поради оваа а и други причини.