Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 578281 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6751
Некој има инфо каква е состојбата на асфалтот на патот Страцин - Кратово - Пробиштип - Штип?

Генерално е ок состојбата.

Најлоша состојба во моментов е превој Пресека, Тетово-Гостивар и обратно, Тополчани-Битола (бидејки Прилеп-Тополчани се вози по стар пат), Плетвар во делот од каменоломот до Беловодица, Валандовско брдо и Берово-Струмица половина од делницата како и Миладиновци-Куманово

Останатите патишта низ државава се генерално во ок состојба, мада треба некои делови од Е75 мегу Велес и Демир Капија да се реновираат во некоја брза иднина.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1452
Некој има инфо каква е состојбата на асфалтот на патот Страцин - Кратово - Пробиштип - Штип?

Генерално е ок состојбата.

Најс. На Youtube најдов некое видео од моторџии ама е од пред 9 години и патот е нов, а знаеме кај нас колку обично трае асфалт... Фала ти.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6751
Слободно кога и да сакаш прашај ме, скоро секоја недела сум во некој град, нема пат кој не го извозев понекогаш и по 3-4 пати во рок од две недели ;D

Треба да се отвори и тема посебна за состојбата на сообраќајот низ градовите.
Според мене најлош град за возење убедливо на прво место е Гостивар, потоа на второ место ги ставам Тетово и Куманово, па се останато надоле од другиве градови е прифатливо за возење.

Отсутен Tiro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337

Napraj edna lista top20 najlosi gradovi po patista :)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6751
Топ 20 не, ама топ 3 градови најлоши за возење се тие што ги кажав.
Гостивар е убедливо прв на листата, полош град нема за возење, сообраќајот е толку закочен, толку спор што ти се чини дека си во некој ултра голем град.
Паркинг ни за лек, делот околу општината особено, еден круг околу да направиш заглавуваш по 15-20 мин, а нема ни 1 км се на се.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7164
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3800 на: 04 Јуни 2025, 06:31:59 am »
Дали е паметно да се иде за Охрид преку Битола, ми кажаа дека мостот после семафорот кај Гостивар го прават и дека било хаос и преку работни денови се чекало по пола саат.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2538
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3801 на: 04 Јуни 2025, 07:42:23 am »
Јас сум се враќал од Охрид преку Битола-Градско (поради попатно застанување во Демир Капија) во неколку наврати, пред некои 2 години, освен делот Прилеп-Градско-Росоман, другото беше ок за возење, а ептен мерак ми правеше делот од Охрид, покрај Ресен и Преспа до Битола, кој убав предел.

Да се има во предвид дека и Прилеп-Битола е почната изградбата на нов автопат, само дали се работи моментално и дали има ограничувања (по една трака), да дадат инфо колегите од Прилеп и Битола.

Во меѓувреме е пуштена една делница од новиот експресен пат Прилеп-Градско, овие денови требаше да биде пуштена втората делница, така да, денеска сигурно е подобра оваа делница од порано
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3918
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3802 на: 04 Јуни 2025, 08:15:14 am »
Има 10тина Км меѓу Битола и Прилеп што се возат по стариот пат. Ок е и тој пат, нов асфалт има.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3803 на: 04 Јуни 2025, 09:41:49 am »
Дали е паметно да се иде за Охрид преку Битола, ми кажаа дека мостот после семафорот кај Гостивар го прават и дека било хаос и преку работни денови се чекало по пола саат.

за 15-20 минути што ке почекаш не се исплати да одиш од другата страна,и таму се вози по стар пат и ако налеташ на камион пред тебе ке заглавиш…
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1452
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3804 на: 04 Јуни 2025, 09:43:17 am »
Дали е паметно да се иде за Охрид преку Битола, ми кажаа дека мостот после семафорот кај Гостивар го прават и дека било хаос и преку работни денови се чекало по пола саат.

за 15-20 минути што ке почекаш не се исплати да одиш од другата страна,и таму се вози по стар пат и ако налеташ на камион пред тебе ке заглавиш…

Забораваш дека Кичево-Охрид постои. :)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6751
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3805 на: 04 Јуни 2025, 09:47:40 am »
Дали е паметно да се иде за Охрид преку Битола, ми кажаа дека мостот после семафорот кај Гостивар го прават и дека било хаос и преку работни денови се чекало по пола саат.

Да мостот на Вардар после семафорите Гостивар се прави. Јас минатиот понеделник не заглавив, ама одозгора од Стража имаше долга колона.

Од прилепска страна ваква е ситуацијата.
Плетвар од каменоломот до Беловодица каде што се само две ленти, една нагоре, една надоле веќе е во многу лоша состојба, бара внимавање.
Јас ги имам научено 3-4 критични места каде што има огромни дупки па некако ги избегнувам.

Потоа од Лукоил Прилеп до Ново Лагово исто ужасна состојба и тука се префрлуваш по стариот пат.
Засега стариот пат нема нешто дупки, ама е тесен.

Од Тополчани натаму се вози по постоечкиот пат, ама исто така во доста лоша состојба е, преку цел коловоз се процепите по асфалтот, најдобро возење е или газиш со левите тркала точно по средната лента или бегаш скрос десно и газиш по крајниот раб на патот со десните тркала. Ако ги пратиш колотразите, спреми се психички за целата суспензија на колата дека ќе треба да ја менуваш после само едно возење на тој пат.

Моја препорака, ако веќе се оди преку Битола, возете и од Тополчани до Битола по стариот пат, нема дупки, ама има доста кривини, внимателно, не се за повеќе од 80 км/ч.

И јас веќе не знам кој пат да го фатам за накај Охрид, за натаму одев преку Дебар, нема воопшто дупки, ама се патува повеќе. Ама и уживаш во природа.
За назад преку Битола си доаѓав и возев по целиот стар пат Битола-Прилеп.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6751
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3806 на: 04 Јуни 2025, 09:50:34 am »
Дали е паметно да се иде за Охрид преку Битола, ми кажаа дека мостот после семафорот кај Гостивар го прават и дека било хаос и преку работни денови се чекало по пола саат.

за 15-20 минути што ке почекаш не се исплати да одиш од другата страна,и таму се вози по стар пат и ако налеташ на камион пред тебе ке заглавиш…

Забораваш дека Кичево-Охрид постои. :)

Не е целосно пуштен, пак се вози двосмерно и постојано е 60 или 40 ограничување.
И стојат со радарите баш на тие 40 знаците.

И од Макпетрол кај Подмоље до Охрид се вози по стариот пат, а новиот во тој дел е комплетно затворен.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1452
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3807 на: 04 Јуни 2025, 09:58:18 am »
Дали е паметно да се иде за Охрид преку Битола, ми кажаа дека мостот после семафорот кај Гостивар го прават и дека било хаос и преку работни денови се чекало по пола саат.

за 15-20 минути што ке почекаш не се исплати да одиш од другата страна,и таму се вози по стар пат и ако налеташ на камион пред тебе ке заглавиш…

Забораваш дека Кичево-Охрид постои. :)

Не е целосно пуштен, пак се вози двосмерно и постојано е 60 или 40 ограничување.
И стојат со радарите баш на тие 40 знаците.

И од Макпетрол кај Подмоље до Охрид се вози по стариот пат, а новиот во тој дел е комплетно затворен.

Тоа ми беше муабетот. А и Пресека не е најсјајна баш. Преку Маврово и Дебар е најубаво за возење, ама и најдолго.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6751
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3808 на: 04 Јуни 2025, 10:02:30 am »
Да точно, од Гостивар па се до Охрид постојано си во 40-80 брзина, кривини, села, од Колари па се до Другово постојано возиш 60-70, а ако имаш некој ептем што почитуваат правила кој возат во принцип -10 од знаците, ќе заглавиш и 40 ќе возиш со нив.

Веќе ако ја возиш таа брзина, оди преку Дебар, ниту дупки и ќе изнауживаш во погледот.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7475
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3809 на: 04 Јуни 2025, 10:39:05 am »
Значи Охрид е спремен за летнава сезона, патот џам ;D ;D ;D