Почнале да го обновуваат патот Куманово - Гиновци, ама такво рандом делно обновување нигде не сум сретнал во животов. Како што возиш по улицата ќе наидеш на изгребан слој од асфалтот, па доаѓа нов слој 5 сантима повисок, па иде пак изгребано некој дел, па стар пат, па нов, па изгребан во должина од 10 метри, па нов слој па 2 семафори на мостови, па изгребан со кратери. Патот е ужасен и има спојки каде треба да успориш со 10-20 км/ч за да ги поминеш удобно. Стварно не знам со кој памет го прават така.