Викендов бев во Букурешт и возев преку Србија, Бугарија и Романија, и може да кажам дека во споредба со Бугарија (за таму знаев) и Романија ние имаме Германски автопати, патиштава ни се писти, тоа што во Романија го нарекуваат магистрален пат ние кај нас но во локално селско патче не би го сместиле. Автопат скоро и да нема а и тоа што има е жали боже. Како што беа патиштата во Бугарија пред 20-30 години е така се сега во Романија.
Дека не е се така црно, да бидам искрен, културата на возење им е две скалила над нашата и на Србите.
Постов го пишав за да не плукаме цело време дека тука не ни чинат патиштата, за некој земји од Европска унија ние сме Америка во инфраструктура.
Четири дена возам во Романија: Букурешт, Сивиу, Авриг (Трансфагарашан), Брашов.. 1600 километри поминав „локал“ околу и во Букурешт. Јас имам дијаметрално спротивно мислење за патиштата. Имаат солидни патишта, далеку се подобри од оние во Македонија. На пример Скопје-Битола е крш, Скопје-Охрид е крш, Штип-Струмица е Крш, Куманово - Крива Паланка е крш! Да не продолжам да набројувам....
Од друга страна, во Букурешт возат како во Чаир, поготово ноќно време. Летаат, ретко кога даваат жмигавци, од лента за лево гас до даске пичи право за да излезе пред сите, итн...
Веројатно патот ДО Букурешт преку Бугарија а посебно Србија-Романија е канта, не сум го возел тој (возам локално рент-а-кар), ама генерално патиштата им се многу ОК, само пример: автопатот накај Брашов е „писта“ со 4 ленти, додека е автопат, потоа е магистрален пат со 2 ленти кои се широки колку 4 нормални. Самиот Букурешт е доста "congested" и во одредени периоди од денот низ центарот се потребни 20 минути за 4-5км да се поминат.