Просторот кај саем и така беше замислен за градење на трговски претходно, ама не ги биваше нив па еве сега некој кој го бива ќе го изгради ако им одобрат промена на ДУПот бидејќи Нептун (Балфин) сака да го руши цел саем и да гради на целото тоа земјиште наместо само на празниот плац. Тоа дека го градат Албанци нема врска, они се само изведувачи после се тоа ќе се продаде како што се продаде Сити Мол колку што сум јас запознаен и кој може и сака може да си оди и да си купува станови, дуќани итн. Единствено спорно нешто таму е можеби цената по која е земен плацот со политички влијанија, добро е што ќе се цивилизира тој дел таму затоа што од саемот абер немаше да се чепне нешто ама затоа саемот пропадна.