sto li podrazbira pod "Електронската наплата "? ke ima automat ili ... ?
edit:
preeeethodno idese vaa informacija:
Турската „Аселсан“ ќе инсталира систем за електронско плаќање патарина
За година и пол патарина во Македонија ќе се наплаќа по електронски пат. Турската фирма „Аселсан“ е компанијата што ќе го инсталира електронскиот систем за наплата долж Коридорот 10, односно на автопатот „Александар Македонски“.
13.11.2014 18:37:20
За година и пол патарина во Македонија ќе се наплаќа по електронски пат. Турската фирма „Аселсан“ е компанијата што ќе го инсталира електронскиот систем за наплата долж Коридорот 10, односно на автопатот „Александар Македонски“. Патарина ќе се плаќа на два начини- со безконтактни смарт картички и преку микробранови транспондери кои ќе овозможат возилата да не застануваат на наплатните станици, туку да минуваат само со намалување на брзината. Инвестицијата чини 18 милиони и 700 илјади евра, од кои најголем дел, 15.8 милиони евра се заем од Европската банка за обнова и развој, а остатокот пари од буџетот.
Турската „Аселсан“ треба да ги реконструира, прошири и модернизира трите патарини Петровец, Сопот и Отовица. Ќе се дислоцираат и ќе се зголеми бројот на наплатни ленти на патарините Романовце и Градско, а ќе бидат изградени и две нови патарини близу Демир Капија и Гевгелија.
Изградбата и реконструкцијата на наплатните станици и воведувањето на електронски систем за плаќање треба да го забрза протокот на возила и да го намали времето потребно за поминување на патарините.