Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
ЦитатПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ СТРАЦИН-КРИВА ПАЛАНКАЕкспресниот пат Страцин-Крива Паланка беше официјално пуштен во употреба денеска, со што патувањето од Куманово до Крива Паланка се крати од еден час на 40 минути. Овој пат почна да се гради во мај 2018 година и е дел од Коридорот 8 со должина од 25,5 километри.Вкупната инвестиција е 93,7 милиони евра од кои 80,2 милиони евра се средства од Светска Банка, а останатите се грант средства во висина од 13,5 милиони евра. На експресниот пат има изградено три клучки, три моста, 13 вијадукти и 44 косини.На официјалното пуштање во употреба, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски рече дека реализацијата на овој проект е резултат на тимска и координирана работа, а не резултат на само еден субјект. Трајановски додаде дека се планира и проектирање на нов експресен пат од Куманово до Страцин и изградба на клучка кај Гиновци.https://sdk.mk/index.php/makedonija/pushten-vo-upotreba-ekspresniot-pat-stratsin-kriva-palanka/
ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ СТРАЦИН-КРИВА ПАЛАНКАЕкспресниот пат Страцин-Крива Паланка беше официјално пуштен во употреба денеска, со што патувањето од Куманово до Крива Паланка се крати од еден час на 40 минути. Овој пат почна да се гради во мај 2018 година и е дел од Коридорот 8 со должина од 25,5 километри.Вкупната инвестиција е 93,7 милиони евра од кои 80,2 милиони евра се средства од Светска Банка, а останатите се грант средства во висина од 13,5 милиони евра. На експресниот пат има изградено три клучки, три моста, 13 вијадукти и 44 косини.На официјалното пуштање во употреба, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски рече дека реализацијата на овој проект е резултат на тимска и координирана работа, а не резултат на само еден субјект. Трајановски додаде дека се планира и проектирање на нов експресен пат од Куманово до Страцин и изградба на клучка кај Гиновци.
Ај аирлија, Дреново - Градско. (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Мене уште ми е нејасно како после толку време никој не се замара да го среди делот за исклучување од велес кон скопска обиколница. Има некои 100тина метри што се во ужасна состојба.
Цитат: kimi makedonski на 14 Јануари 2025, 17:34:26 pmМене уште ми е нејасно како после толку време никој не се замара да го среди делот за исклучување од велес кон скопска обиколница. Има некои 100тина метри што се во ужасна состојба.Каде тоа, не ми текнува, тој дел е прилично ок за разлика од лакот Куманово-скопска обиколница, кај кромберг што е сега... или лакот скопска обиколница-накај Куманово, кај рио кафе. М И З Е Р И Ј А.
Абе го пуштија да се вози Градско - Дреново?На Google Maps како да нема сообраќај