Колку само сме „жедни“ и „напатени“ за нови и обновени/рехабилитирани автопатишта, знаете сите каков беше автопатот Скопје-Куманово во двата правци пред да биде целосно обновен пред 2 години, се сеќавам малата кога беше бебе и секогаш кога возев Скопје - Куманово, по пристигнување во Куманово веднаш добиваше грчеви и болки во стомачето (во обратната насока не), целата кола тресеше....а сега е милина да возиш.....него приметивте дека на една од поновите обновени делници Велес - Катланово се појавија дупки (на граница на десната лента со лентата за застанување), па ги крпеле ама не доволно добро и професионално, мислам дека се од тешките камиони ама срамота е автопат да не издржи ни година дена па колку и да се тешки каминоните или друго возила, а кога го правеа изгледаше дека квалитетно го прават.....мислам дека моментално една од најпропаднати делници е магистралата (која плаче да биде автопат) Куманово - Крива Паланка до Деве Баир, тоа е ужас од пат