Јас имам впечаток дека стварите кои се фрлени се по година дена стари, некои помалку но најстрашно - некои и повеќе од година.
Ѓубрето покрај пат на Стража сигурно не е ланско. Од годинава е, заради семафорите на кои се чека. Луѓе чекаат.. И фрли од прозор кутијата со цигари, кесата од чипсот, па и пелената од малиот. Јас ги гледав додека чекав.
На кеј во Скопје да не праиме муабет.. На целата стаза има од лево и од десно ѓубре. Џвакаат нешто, фрлаат. Млади седат на кеј навечер, пијат пиво, оставаат све позади нив. Пред некој ден ја сликав Куга-та блиску до местото каде што ја сликавме CX-5-ката.. Од една страна брдца, мерак за сликање, од друга страна шут, цигли, намештај, душеци..
Ах, 2-3-ца џандари на Стража (не еден само, пошто ако е еден ќе му се к*рчат), мамето мамино да расплакаат од казни за фрлање ѓубре. 50 евра е казната за фрлање отпадоци. Јас би ангажирал посебна единица, колку сакаат полицајци нека има, да се
заборават од казнување за фрлање ѓубре, фрлање шут.. Да се заборават!