Дупките на автопатот изгледа не ги крпат за да не ги користите т.н. гратиси до 50 км возење над дозволеното 
Ама кога ке видиш, ете како можело да ве ограничи човек да не летате над дозволената брзина, секогаш да бидете под максимално дозволената брзина, во рамките на законски дозволената брзина за на автопат

Ако закачиш таква дупка со 50кмч ќе ја оштетиш колата значително. Тоа не е само за да се ситиш на туѓата несреќа. Тоа е опасно по живот. Посебно што се наоѓаат и по мостови. Значи колата се оштетува. Понатаму, е срамота пред народ што гледа каков ни е главниот автопат, ќе си рече овие запустени од господа се. Понатаму, неможе да се одвива нормален сообраќај со зголемена фрекфентност, ако има повеќе возила на автопатот - мораш да одиш во некоја дупка и да си го оштетиш возилото.
Не е твоја работа колку јас возам. Тоа го правам на моја одговорноси и сум подготвен да се соочам со последицити - какви и да се. Нема што ти или било кој да се мешаш во тоа. Предодредено си е во законот дека за тоа и тоа следува - тоа. Значи ако сакам нема да те прашам ни тебе, ни татко ти, или било кој друг колку да возам, или колку треба да возам на автопат. А уште помалку па да „ве ограничиме“ муабетот. Не спиј во дупка ископана и затрупана со опел кадети. Гледај малце како е по другиве места. Срамно е да се каже она што го кажуваш. Да имаме онаква катастрофа од пат како главна меѓудржавна магистрала е за плачење. А не да се „ограничува“. Понатаму во грција во сите гужви сите си возат прописно 150кмч, а на автопатот е дозволено 130 (нормално). И постојано те претекнуваат возила кои возат побрзо од тоа. Зошто тоа е нормално. Тие луѓе си имаат коли кои овозможуваат такви брзини и сакаат да ги користат истите. И имаат полно право за тоа. Со оглед на тоа што ако настане проблем се подготвени да ја превземат одговорноста.
Понатаму во нашата држава иако возев со брзини поголеми од прошишаната, многу ретко претекнував возило а доста често бев претекнуван. Што доволно говори дека праксата се практикува насекаде во нормалниот свет. Посебно со смешните ограничувања на брзините, предвидени за коли пстари од 30 години.
Не тргнувај секогаш субјективно. Патиштата не се субјективни. Тие се објективни, важат за сите учесници во сообраќајот. А поготово оние патишта кои би требало да се употребувани и од странски државјани, кои на овој или оној начин треба да остават дел од својот капитал во нашата држава, за да влезе колку-толку странска пара која нема да се испере.
Возилата се предвидени за одредена употреба. И иако имаш милијарда години старо возило, едно закачување на таква дупка со 90кмч, ќе го остави на стрната од патот - а до дома ќе си одиш пешки. Незнам како би ти се допаднало тоа во реалноста, ако треба да фукнеш 200-300 евра за поправка на својата кола - која од тој момент па натаму, постојано ќе завлекува на некоја страна.
А да не зборувам за кола која едвај си собрал некоја, пара и ти фрлиле познати нешто пари, и со мизерна плата на која се смее секој странец, и ја троши на една искачање, ти сакаш да проживееш месецот, да палтиш некоја сметка, да го потсредиш станот, да ја сервисираш колата, да и платиш рата на истата, како и гориво, па уште и да закачиш некоја дупка заради тоа што некој мороноид невоспитан сакал да краде пари од недолжен народ. Тогаш да видам дали ќе ти е жал, или ќе легнеш болен плачејќи.
Не е смешно. Трагично е, што се сметаме за нормално во пустелијава наша затуцана. Срам жив.
Немој вакви глупости да зборуваш. Еден ден, можеби ќе имаш пристојна лимузина. Па нема да осетиш колку возиш. Возење на 90 на автопат ќе ти личи на далечно минато, зошто чувството внатре на 170м е како 30кмч во опелот (или постара кола од тој период). Можеби тогаш ќе го забележиш знакот со трите ленти во кој десната лента е обележана „за спори возила“. Еве конкретно од сопатничката излезе овој дијалог при брзини од близу 180кмч:„У да не погледнев, немаше д априметам дека возиш толку брзо.“ Ете тоа е. Едноставно, нема проблем возилото. А тек па да е некој крузер. Уживаш и возиш. Незнам како да ти објаснам, ама ќе си се смееш што си мислел и пишувал.