Кичево - Прилеп го направија некаде есента, октомври ноевмри. Милина за возење, како што кажавте претходно, баш по пропис како што треба да изгледа еден пат.
Не ми се веруваше, викам не е можно ова, и бев позитивно изненаден. Претходно пред да биде обележан, навечер, морав да го погодувам патот, не се знаеше до каде е асфалт, каде почнува ендек.
Сега ги има сите можни знаци, дури и знаци за мост итн итн.
Ама како и се друго кај нас, и овде не издржа долго. Ступчињата од страна во текот на зимата се искривија и легнаа до земја (најверојатно од чистачите на снег). Јас колку што се сеќавам, порано беа кружни профили, а сега ги направиле плоскасти, и под тежината се извиткале.
Во секој случај, позитивна работа... нека се продолжи и низ другите патишта, се зголемува безбедноста многукратно.