Првично проблемот:
Дали е нормална вредност на пежото да ми пали перка на 88 а да гаси на 84 степени со тоа што од Аеродром до Ѓорче ми запали минимум 15 пати по 45 секунди без никаква особена гужва и без никакво малтретирање ? Денеска го извадив и термостатот и пак истото го прави....
После недела дена:
Кај мене е многу чудна работата со перката и тоа што пишав пред некој ден:
прва превентива - извадив термостат, пак пушта на 88 и пак често
втора превентива - турив средство од вурт за чистење хладњак, исправ, исчистив, пак пушта перката на 88
трета превентива - видов дека термичкиот е на 97/92 па ајде го сменив и него,нели овој расипан, пак пушта на 88
четврта превентива - мерам температура на водата со сонда (дали е точна стрелката),пак пушта на 88 (и по сонда и по стрелка)
петта работа - откачувам џекот од термопрекидачот, ја возам до средно водно нагоре, температурата не мрдна над 90, се спуштив, ја возев уште 10-15 километри низ скопје, температурата не мрдна над 90...
уклучувам џекот - пак пушта на 88 и ја бута до 82... Мајстор се чуди!!! Барам ваше мислење каде да го барам потенцијалниот проблем