Автор Тема: Иридиум, платина или ... Свеќички и High Tension кабли за подобри перформанси  (Прочитано 23322 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Ефективен мотор бара добро снабдување до ладен воздух и кислород, оптимална смеша со гориво и добра свеќичка за да ја запали истата. Двете главни компоненти на свеќичките се:
•   Керамичко куќиште кое служи како изолатор и
•   електрода во центарот и контакт за маса со блокот на моторот.
Керамичкото куќиште овозможува искрата да се создаде на врвот на свеќичката, т.е. да не настане краток спој со блокот на моторот додека струјата не дојде до врвот, бидејќи се работи за многу високи напони (илјади волти).
Бидете внимателни со НТ каблите и никогаш не ги гибајте додека моторот работи.
...најпрво да се потсетиме што се случува во внатрешноста на моторот;  вшмукувањето на воздух има голем ефект врз експлозијата при согорувањето. Секое ограничување на вшмукувањето ќе влијае на ефикасноста на согорувањето, т.е. колку повеќе воздух се вшмука, толку повеќе гориво може ефективно да согори.
Но пред сè ви треба силна искра. Снабдете се со добар комплет свеќички кои имаат малку поголем зазор меѓу електродите од фабрички препорачаните.(некои тунери го зголемуваат зазорот дури и за 20% до 50% !)
ФАКТ: Добрите свеќички ќе ја максимизираат моќноста и економичноста на моторот. Малку поголем зазор и бобина што дава повисок напон ќе овозможат поголема искра.
Исто така со поставување на свеќичката со зазорот свртена кон всисните вентили се зголемува ефикасноста на палењето на горивото. (додека свеќичката сеуште не е поставена на моторот , со фломастер на врвот на керамиката означете ја страната на која е зазорот така што ќе можете да видите на која страна е свртена свеќичката кога ќе ја ставите на моторот. Обично сите свеќички се разликуваат, па затоа доколку кога ќе се затегне на моторот, обележаното не е на страната на всисните вентили, извадете ја свеќичката и свртете ја за 45 степени пред пак да ја ставите. Пробувајте додека не се порамнат.)
Искрата секогаш оди по најкраткиот пат, па затоа на свеќички со 2, 3 или 4 електроди, зазорите мора да бидат микрометарски прецизни, бидејќи инаку искрата секогаш ќе оди само на една иста од електродите и ќе „добиете“ свеќичка со една електрода. Сеуште е под знак прашалник дали свеќичките со 3 или 4 електроди придонесуваат во зголемувањето на перформансите.
НТ (high tension) кабли за високи перформанси.
Неисправни  НТ кабли нема да предизвикаат послаба искра, туку нема да се создаде воопшто, па затоа ако доколку имате нерамномерна работа на моторот при ЛЕР ГАС или кога во некој цилиндер не се пали смесата (misfire), проверете ги каблите. Виткање и усукување на каблите доведува до нивно оштетување.
ФАКТ: Комплет на квалитетни НТ кабли ќе ја намали веројатноста за грешки при високи температури, но НЕМА да ги подобри перформансите на моторот.
Каблите треба да имаат најмал можен внатрешен отпор и исто да имаат електромагнетна заштита за да се оневозможат пречки во работата на другите електрични системи во автомобилот (како ECU, музичкиот систем итн.) Кабелот треба да се одбере според напонот, затоа што погрешни големини на јадрото доведуваат до проблеми со отпорот и прекумерно загревање (топење) на каблите. Спортските кабли обично имаат пречник со големини и до 8,5mm, додека оние за уличен тунинг би можеле да поминат со пречник со големина 7mm или 8mm.
Бобина (индукционен калем) за перформанси
Како што адаптерот ја трансформира струјата од 220 волти до, на пр. 5 волти за полнење на мобилен телефон, така бобината ќе го зголеми напонот (во некои инсталации и до 40000 волти) овозможувајќи создавање на искра меѓу зазорот на електродите на свеќичките (врвот и пипалката). На некои мотори може да се најде и инсталација со по една бобина на секоја свеќичка. Неисправна бобина може да го намали напонот до ниво да не може да се создаде искра за да се запали смешата. Спортските бобини даваат поголем напонот од обичните и овозможуваат формирање на поголема искра, т.е. можност да се користат свеќички со поголем зазор.
Подесувањето на палењето е критично; предвремено палење доведува до оштетување на моторот, а касното палење доведува до намалување на компресијата/ефикасноста бидејќи кога ќе настане експлозијата издувниот вентил е веќе подотворен може да се предизвика оштетување на катализаторот (каталитичкиот конвертор) па и на целиот издувен систем во целина.
Потребно е формираната искра од свеќичката да се изложи кон што поголем дел од компресираната горивна смеша. Во идеален случај електродите ќе бидат најмали што може, напонот најголем што може. Технологијата за изработка на свеќички значително напредуваше низ годините, па резултат е производството на свеќички со ИРИДИУМСКИ врв и многу фини електроди, кои не губат на перформанси и до 65000km и се врвни проводници на електрицитет.
Одржување на системот за палење
Квалитетно и рамномерно снабдување со струја е основа за добра и силна искра, затоа обично општите проблеми во постарите автомобили се предизвикани поради лоша конекција со маса (т.е. конекција со минус електродата на акумулаторот). Постојат регулатори (стабилизатори) на напон кои овозможуваат постојан напон цело време.
Доколку имате моќен звучен систем и други електрични додатоци и акумулатор со помала стартна струја(моќ), на ладен време можно е да откаже, додека оној со поголема стартна струја иако има ист напон (12 волти) е поотпорен на екстремни услови и би требало да се држи доста подобро.
Уверете се дека свеќичките се чисти и во добра состојба, бидејќи контактите со време може да оксидираат или покријат со слој од нечистотија (глазура), а со тоа да се намали спроводливоста (поскапите свеќички се поотпорни на глазура и нема потреба да се проверуваат подолг временски период).
Значи, на отприлика секои 6 месеци би било добро, обичните свеќички да се исчистат со метална четка и фина брусна хартија. (не се мисли на иридиумските или „перформанс“/свеќичките со долг живот). Со ова ќе се задржи спроводливоста на контактите и овозможи силна искра, па со тоа и задржување на перформансите и економичноста.

www.tuning.mk

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Дилемата е секогаш голема околу зголемување на перформансите во сегментот при изборот на марката, топлинскиот број, технолошката изведба на електродите како во поглед на формата - така во смисол и на материјалот, зазорот помеѓу електродите, работен век на свеќиците, свеќици за плин, свеќици за N2О и тн. Еве линкoви за загревање пред да ја развиеме темава

http://www.automobilizam.net/svecica/
http://www.clubplug.net/products.html

Свеќиците со електроди од Платина (или комбинација Иридиум со Платина) имаат подолг век на траење (до 120.000 км), додека тие што имаат Иридиумови електроди се користат за зголемување на перформансите, а се менуваат на 60.000 км). Битен елемент е и големината, како и обликот на електродата (Denso, на пример, има најмала централна електрода од 0,4 мм, во комбинација со U-електрода како маса). Има тестови на Дино машини објавени во повеќе часописи (Јануари 2003 5.0 Mustang & Super Fords Magazine), каде докажуваат дека на атмосферци снагата им се зголемува 2 - 3 КС. Фабрички вградените свеќици најчесто се бакарни (или никлувани) и се менуваат на 30.000 км.

btw јас користам NGK V-power свеќици special edition (Projected Gap Type) ZFR5F-11 Part # 2262 Made in Japan ...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Јас порачав NGK Iridium мислејќи дека ќе ставам боље од фабричките свеќички, па машината поубаво да си работи. Кога испадна дека всушност, фабричките свеќички на Маздата се истите тие кои ги нарачав. :D Беа истрошени, но сигурно ќе тераа уште 25 иљадарки. Во секој случај скупи свеќички, околу 40 евра за 4 комада.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Јас порачав NGK Iridium мислејќи дека ќе ставам боље од фабричките свеќички, па машината поубаво да си работи. Кога испадна дека всушност, фабричките свеќички на Маздата се истите тие кои ги нарачав. :D Беа истрошени, но сигурно ќе тераа уште 25 иљадарки. Во секој случај скупи свеќички, околу 40 евра за 4 комада.

Алал да ти е бе gOJDO и фабричките делови ти се ТОП или лесно заменливи и прилагодливи према потребите ;)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Топ се деловиве, лесно заменливи. Наслон за рака 450 евра, маркер-сијаличе 5W - 35 евра, 4 свеќици - 40 евра. Можда малку долго ќе ги почекаш талентите од Аутокомерц за да ти донесат делче. Ама затоа има бате да го платиш ко рачно да го изработувале за сиот тој период.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
денес најдов NGK иридиум свеќички за пумата 540 денари парче, ок е цената ?

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
денес најдов NGK иридиум свеќички за пумата 540 денари парче, ок е цената ?

OK e! BTW, каде ги најде?

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
во Охрид нова продавница за авто делови доста спремна, наводно се увозници за NGK за цела Македонија

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Молим те прашај колку се zfr5f-11 iridium, односно ZFR5FIX-11 ! Фала ти унапред ;)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Понеделник имаш инфо

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Моја најтопла препорака е да си порачате NGK свеќички од странство (Западна европа) или да си купите од грчка.
1) За трет пазар(дното) свеќичките им се со мизерен квалитет и ни приближно не се квалитетни како оние кои се продаваат во УСА, Англија, Германија и др.
2) 90+% од свеќичките со напис NGK кои се продаваат кај нас се фалс

И нека не лажат тие од Охрид дека се увозници за цела и обединета Македонија. Има еден куп фирми и поеднци кои носат се и сешто.

BTW, на времето Плимонт беа официјални увозници на NKG. Прашајте ги нив за квалитетот на свеќичките за нашиот пазар.

Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Јас денес земав за брачедми NGK BKR6EK од Солид за цена од 290ден.по комад,и дечкото ме убедуваше дека се оригинал "made in japan"останува да видиме како ке се покажат ! Иначе јас на претходната кола извозев едни NGK баш како што треба т.е. 50-60000км,ама беа за итаљански пазар до душа :)

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Да не кобам пред рука... и ја се снабдувам со ситни делчиња од солид... земав рачки за во свифтот... демек оргинал... и ако ти се верува... на монтажа се искшија... некоја чкарт платика у пм... па мореше пак комбинација со старите рачки да праам... 

А коа требаше да зимам цел сет, ламела корпа и друк лагер... по каталог демек таа е... за гти, а тие веројатно си сила сакаа да ми упикаат... од 1.3 обично... и тоа демек јапонска, ама док ми беше во рака... корпата видов дека од јапонско немаше Ј... И среќа го носев мојот стар сет, и споредба да напраам као :) што да видам, неможе ни споредба да се направи, ништо слично

Па фино лепо отиде чичо во максима,си купи цел сет прва уградња за 100 еура... и чао џаци...

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Понеделник имаш инфо

Dean бе, денес сме четврток ... :)

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Понеделник имаш инфо

Dean бе, денес сме четврток ... :)

Кој понеделник, не ти кажа :)