Вечер во 21:00h.
Метролполис Арена..
Концертот нема да го коментирам, кој не бил таму синоќа , не ни требало да биде...друг, напреден музички свет до ниво на хармонска, аранжманска, мелодиска и секако техничка перфекција....
Криво ми е малку што фино лепо си имав договорено backstage pass за да се запознаам со Џон Патитучи... но не знаев дека нашиот ценет претседател ќе ги постави горилите позади сцена за ОН и само он да си се запознае со најдобриот фјужн џез состав на сите времиња..
Хорхе..па претседател си..ако сакаш да го запознаеш Чик Кореа електрик бенд викни си ги во претседателската вила каде македонските џез музичари свиреа без хонорар, само за промоција на џезот во државава....Не ми ја јеби вечерта...
Плус каснеше, па го чекавме едно 20 мин, како филхармонија што го чекаше Грујо.
Се останато беше топ..климатизирана сала, одбран културен народ и динамичен звук..
5 ка.