Секоја почит на човекот за неговиот талент и сета музика што ја направил, ама од аспект на тоа колку музичарите заработуваат од продажба на албуми, работите не се многу сменети. На времето музичарите правеа многу малку пари од продажба на албуми - профитот го земаше продуцентската куќа. Музичарите заработуваа од турнеи, продажба на merch, и тако даље. Тие работи не се сменија, музичарите побараа повеќе контрола врз сопствената музика - а интернетот им понуди платформа да го напраат токму тоа, под свои услови.
Роџер Далтри е типичен пример за диносаурус кој не е подготвен да еволуира заедно со навиките, технологијата и општеството. Он ги напраил парите на еден начин, пред 30 години, и смета дека само неговиот начин е правилниот начин, и дека секој друг начин е погрешен.
За истата работа кенка и филмската индустрија, за истата работа кенка и музичката индустрија. Сите кенкаат за пиратерија, плачат за ова, не се спремни за она.. И на времето, кога фајл-шеринг беше во огромен подем, место да го прифатат и да го искористат фајл-шеринг моделот како бизнис модел, они со глава удираа во ѕид и се бореа против секој можен систем врз кој немаа директна контрола.
Тие што сфатија на време, тие што на време им го дадоа на корисниците тоа што сакаат - тие се тие што денес се огромни, незапирливи и можат самите да поставуваат правила. Тука мислам конкретно на Apple и Netflix, но и сите ним слични што им го понудија на корисниците она што го бараат, и тоа по прифатлива цена.
Во меѓувреме, Роџер Далтри и неговите современици ќе кенкаат дека музичката индустрија е „украдена“. Не е украдена, само еволуираше, а вие не сте спремни да функционирате во новото време. Во време на MP3, on-demand, Pandora, Spotify, итн.