Ако не очекував нешто да чујам на форумов се Bad Religion. Ги слушам уште од средно. Еден од бендови чии што теми се Глобализација, Лош систем, Лакомост на големите фирми и нивните нус појави како на пример ГМО и слично, Како владите, политичарите и прањето мозок преку медиумите не уништуваат како единки и слично, и како полека се претвора голем дел од човечанството во робови на елитата ...
Се на се, интересен бенд и музика..
Да не беше некој од вас на Егзит пред некоја година? Деј в’р ос’м!!
За жал не бев
Инаку во девеесетите имаше Бендови во Скопје (Punk i HardCore), што покрај своите ствари свиреа и нивни ствари.. Имаше еднаш свирка од две такви групи што свиреа паралелно.
Да видиш како звучеа ствари на Bad Religion со два пара бубњеви и два вокала
Можда некој од вас се сеќава на BRIGADE OD и Bloody George
(Се кладам Симо се сеќава).
Басистот на BRIGADE OD беше и еден од најбољи бициклисти во Македонија.. Легендарен по една трка каде што во недостаток на заменски точак победи трка со точакот од татко му (Кој што дојде да го гледа) (Женски точак Со Корпа, Ланец околу седиште и слично
). Имаш тип што шпринта на Pinarello и типов од Brigade OD (Божо), како шпринта на овој точак и победи на трката
BRIGADE OD се слушаа и во Словенија, Хрватска и Србија.. Имаше и некаков Funzin што излегуваше во Словенија, и што често пишуваа за овие наши бендови..
Од Brigade OD после излезе Industrial Бендот Cyborg (под влијание веројатно на FRONT 242 и Ministry)
И еве еден хит од тоа време..