(big inhale)
Terminal Velocity на Петручи би бил супер албум ако е издаден 99та, а не во 21 век.
Не правев муабет кој е по тежок, а кој послушлив и покомерцијален, туку кој е подлабок бунар, подобар гитарист, поголем уметник.
Како член на G3 со Сатриани и Ваи и после толку години верглање со Дрим, очекував соло албум од Петручи каков што не сум чул до сега, нешто негово и различно..а не неиспеглани идеи за Дрим.
Ваи, од друга страна, наместо стакато технички, сеуште еволуира со секој нов албум музички и креативно, а техничкиот аспект одамна го кажал и докажал и нема потреба од истото, пак и пак и пак...за разлика од првиов.
Затоа на Петручи денес му прават мемиња и Хитлер рантс.


Затоа и реков дека разликата меѓу нив двајца во 90 тите (кога Петручи го снимаше Images& Words so DT, а Vai Passion&Warfare) можеби не беше толку голема, али од денешен аспект се децении одвоени. Буквално.