Баш после распадот на оригиналниот состав на Леб и Сол, лесно можеше да се види кој е кој...
"Итаканатака" е последниот албум на Леб и Сол без Влатко...90% идеите се на Кокан и звучи врвно.
Ова е ствар од првиот состав на Гаро и Парамециум по распадот на Леб и Сол, отсвирена во Хард Рок со најфраерското бас соло евер и Мицанов на саксофон. Звучи светски до ден денес..
Парамециум составот еволуираше и понатаму, каде еден мал период и јас бев дел од истиот.

Ова е ствар од Еndless view , првиот албум на Бодан по распадот на Леб и Сол.
Првиот албум на Влатко после распадот на Леб и Сол беше Cowboys and Indians...се трудев да го засакам, али џабе.
Ствари како 'Кандилце" и покасно "Gypsy Song" никогаш не ми биле по ќејф.
Или толку знае или можеби сфатил дека нема поента да се труди да прави добра музика за ова поднебје, не знам.
Независно од бојата на гласот, знам дека текстовите кои му вредеа не беа негови туку на Горан Стефановски.
Иронично е што новиот албум го нарече "Моther Tongue" а објавите по социјалните мрежи му се (или бар му беа) на англиски и српски јазик.
Воедно, да не заборавиме...

