@Dean
Goa, Israel and Psychedelic Trance! и јас тоа слушав во младоста. Таква генерација бевме. После кон 1998-2000 се пребацивме на Progressive Trance. Гарант си идел по журки, кои тогаш беа многу по-андерграунд, траеа до пладне утредента, а дрогата беше поскапа и многу поквалитетна од ѓубрево со кое денес се дрогираат децата
Друже gOJDO, гледам скоро сме врсници и баш си во право, тогаш журките беа многу по-андерграунд. Јас почнав да одам уште како копиљак од 15 - 16 години и поголемиот дел од журките ми беше криење од џандари
ама сепак спомените ми се пред се од тие журки, а после 2000 година веќе се некако стана комерцијала и почнав послабо да одам. А јас и денес си слушам trance ама за своја душа дома или во кола (кога сум сам)
@Deni
Armin van Buuren, според мене, после Paul van Dyke е најдобар DJ во ова време, некој можда ќе се навреди ама многу форсираниот Tiesto не би го ставил во иста класа со овие двајца. А иначе за пеачката Sharon den Adel е страшноооооо добар вокал, иначе е пеачка во метал бенд Within Temptation, ама мислам дека и овај проект со Armin van Buuren и е полн погодок и многу подобро ја промовира отколку со метал песните