Со Крузот стигнавме до еден мал јубилеј, 10000 км ... и сега за сега, и јас и он сме задоволни
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
.
Го направив и првиот сервис, сменети се 6 литри масло и филтер за масло, плус направена е визуелна проверка на останатите делови.
Генерално кажано, немам некои проблеми со возилото. Потрошувачката се стабилизира некаде на 6.5-6.6, а еве скоро месец дена го немам извадено надвор од Скопје. Сега како што е ладничко времево, му треба повеќе време да постигне работна температура, па гледам да не го газам многу (до кај 2000 вртежи) дури не загрее.
Еве еден скриншот од бордот:
![](http://imageshack.us/a/img577/8931/20121202172802.jpg)