Во неделата присуствувавме на отворениот ден на ПП бригадата во еден град во близина. Имаше интересни моменти, можеше да се влезе во камионите, да се види што е, како е, имаше и симулатор за тумбање, со акција за спасување на патниците итн итн...
Но, нешто што најмногу ми фати око, беше изложениот примерок за језиво потсетување што може да се случи кога се вози во алкохолизирана состојба. Слики во прилог:
Описот вели, дека на 18.04.2010, во 00:20 часот, се случила несреќа, при што возилото било возено со брзина од 107 кмч, во зона 30 и удрило директно во дрво.
Патниците возеле кон дискотека и биле под дејство на алкохол. Дополнително, биле повеќе патници од дозволеното.
На лице место починале возачот (26 год.), двајцата совозачи (21 год), патникот позади во средина (16 год.), додека патниците позади лево и десно (16 год.), биле со тешки повреди.
Колку сака ѕвезди нека има на ЕУРОНкап, претеризам е претеризам... Алкохол и возење во ниеден случај не се подобна комбинација.