Автор Тема: Како правилно се проверува нивото на масло во моторот ?  (Прочитано 13174 пати)

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7220
  • French diamond
Ако сакаш да знајш дали ти троши, ќе мериш само на ладен или само на загреан мотор, а не еднаш вака, еднаш така.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8005
  • Плинаш!!!
Ах бе Жиле, плинашиве изгледа исто размислуваме. И јас сакав при промена маслото да го претурам во една туба што ја имам од Еурол 4л. па да видиме колку ќе излезе. Ме зачуди што голем број луѓе на форумов се жалат на потрошувачка на масло или пак не знајме да мериме  ;D
Татко ми на А класата кога менуваше масло (5-6 пати имаме сменето) ставаше или Кастрол(мислам 3 пати) или Равенол (2 пати) и еднаш Шампион.
Секогаш кога испуштавме го претуравме во туба и до капка нивото беше точно по изминати 10тина илјади км. во просек (некогаш 7 некогаш 12 илјади).
Наредна промена и јас така ќе направам.
Едит: Инаку собира 4.5 литри твоето возило. Така пишува на страната на Амсоил и Шел.
Зависи од филтерот. Сеа само што го сменив. Ман филтерот е поголем од хенгс-тот. Може и тука да е разликата. Е сеа јас никогаш не го полнам до врв. Туку последната коцка на шипката гледам да е до пола пуна а не до крај. Сеа ставив 4.3 литри. Една коцка е 250 мл. а има четири коцки.
Види и да троши до литро на 10000км не е страшно, возиме на плин нормално е да го гори.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Јас еднаш неделно си проверував, а и сега со новото исто си продолжив така, барем еднаш неделно или пред тргање на отворен пат си проверувам масло, фрлам поглед на антифризот и на глицеринот и тоа е тоа.

На фелицијата кога ќе ми дојдеше до 1/4 или испод, си дополнував до горе на шипката, плус минус погоре подоле не е страшно, пак има толеранции и нема да се случи ништо и 100 мл да е погоре од макс, поготово ако веќе го троши маслото.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2766
Ednas nedelvno ti e mnogu kasno.
Sekoj vtor den najmalce.

I jas taka merev, da receme ednas mesecno, i sto se desi?
Pa normalno mi se iskrsi plastivnoto vrvce ebate, klai istai...

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
За мотор нарочито што троши масло, и еднаш неделно е предолг период понекогаш ;)


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8005
  • Плинаш!!!
Неее бе еднаш неделно. За месец дена само што ја бришеш шипката отидоа 50мл . На два месеца еднаш или случајно ако одам на подолг пат, проверувам пред да тргнам.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14719
  • Пудингот на шоферството
На 40 000 дотурам 2-3 литри и после тоа на 80 000 го менувам комплет.
1 100 000 има поминато,од 570 000 е во мои раце никаков посериозен дефект досега и еднаш пред два месеци ме остави на пат заради сосем друга причина,прв пат до сега.
Ова за камионот.
Колата,турам 6.5л и ако светни дека фали масло арно,ако не ниту провервам ниту му ја мислам.
Еве 25Ккм и досега не покажала знаци на трошење на масло,инаку има 254Ккм,дизел и се вози машки до трт.
Поќе ме плаши дека ќе избие некоја дизна. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6153
  • Шо да пишам тука?🤔
Не е касно кога ќе светне сијаличката (ако е исправна) и веднаш да се изгаси моторот и да се дотури масло?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14719
  • Пудингот на шоферството
Зависи во кој случај,некогаш е,некогаш не е касно.
Ако маслото го снемува полека полека тогаш не е,ама ако го снема наеднаш(поголема количина) или престани да врти пумпата е тогаш е касно.
Како и да е,многу да не му се потресуваме сега. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Нестор, штом гледаш дека ти потрошнува масло колата, проверувај си одвреме навреме. Што толку размислување за проста работа.

Еве јас последно пред 1 месец дотурив 300 мл масло и од тогаш наваму 3000 км имам поминато, не фали ич, беше на максимум тогаш, сеуште е.

Последно проверив пред 2-3 дена, ќе проверам и утре бидејки ќе одам на пат, ќе проверам и следен викенд.

Ништо не ме чини 1 минута работа за нешто што е извади шипката, види колку е нивото, врати ја назад. Повеќе го губиш времето во пишувањево него ли да отидеш отвориш хауба и провериш кое ти е нивото.

Ти кажав, штом не ти чади, уживај си, проверувај си и кога ќе ти падне испод половина, дотурај си по пола литро масло.

Јас фелицијата до Виница и назад ја возев со оштетена бензинска пумпа, избиваше масло и за 250 км ми истече 800 мл масло, ти се мислиш дали треба еднаш неделно да проверуваш масло.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6153
  • Шо да пишам тука?🤔
Проверувам јас масло еднаш на 1000км. или еднаш месечно ама немам некој така добар паркинг во околината за да можам да проверам масло на ладен мотор, а мерењето да е веродостојно. А дека троши масло, не ми изгледа така.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Ќе измериш на 1000км колку фали или на 3000 и ќе знаеш колку треба да се дотура и на кој интервал. Не мора да се мери цело време.








На секој двотактен мотор така си се прави.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8005
  • Плинаш!!!
Не е касно кога ќе светне сијаличката (ако е исправна) и веднаш да се изгаси моторот и да се дотури масло?
Кај мене има жолта сијаличка за ниско ниво на уље ама има и црвена. Жолтата еднаш светна до сеа, после првиот сервис. Мајсторот не го стегнал воопшто филтерот за уље, само го навртел и од него си течело.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Проверувам јас масло еднаш на 1000км. или еднаш месечно ама немам некој така добар паркинг во околината за да можам да проверам масло на ладен мотор, а мерењето да е веродостојно. А дека троши масло, не ми изгледа така.

На улица (освен ако не е главна) ќе ја оставам 5 минути ако ми е рамно и ако има простор за други коли да си разминуваат и ќе измерам.
Или после седење на кафе во кафич пред да почнам со возење, ќе отворам хауба, извадам шипката, ќе видам колку е нивото.
Многу комплицираш за една обична шипка да ја извлечеш.  ;D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6153
  • Шо да пишам тука?🤔
Заклучок: Важно е местото каде што се мери маслото.
На улица мерено на загреан и на ладен мотор(7-8ч. оставен да лади), нивото е на максимум (може да е и повеќе, но шипката кој ја измислил темна боја не знам и што не е метална како кај другите опели). Гаражата дефинитивно не ми е рамна.