Автор Тема: Како правилно се проверува нивото на масло во моторот ?  (Прочитано 10874 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34065
  • Таков е животот... јебига
Јебига, такви гуми имав на располагање. Фабрички има 12-ки ама тогаш не можевме во цело скопје да најдеме. Чичко ми имаше на лагер 4 бандажи со гуми од зарибан голф1 со искршем мењач па ни ги даде и пасуваа. Барем пасуваат фабричките гуми од спаркот :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Цело време мислев дека моторот треба да е ладен, а колата поставена на рамно и нивото треба да биде на две третини од обележаниот простор min/max, се додека не ме замислија упатствата на поновите коли у кои пишува дека колата треба да е загреана, па се чека 5 минути (на равно нормално), се вади шипката и се пребришува и повторно се мери, а нивото треба да е до максимум (никако изнад) ... Јес да сум застарен можда, ама ова е некое ново правило, нешто мења ствар, или ???

ако после 5 минути треба да е на макс. тогаш после 1 саат кога ќе се олади ќе биде на отприлика 3/4

за мене и двата начина се веродостојни

Отсутен Strujata85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 249
Здраво дечки, знај некој колку треба да биди долга шипка за масло за Голф 3 тди, бидејќи ја имав остаено кај еден мајстор за поправка па изгледа ми ја имаат сменето со друга шипка, ако знај некој нека ми пиши и  да ја споредам, менвав масло и наместо 4,3 Л да си кажи нормално , сега на 4 л кажува дека е на макс. Којзнај мојата шипка во која кола се вози :D
Живејте го животот, бидејќи има рок на траење . . .

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5675
  • Шо да пишам тука?🤔
Кое е поверодостојно мерење?
На топол мотор изгасен 12-13 минути покажува како на првата слика.
На ладен мотор наутро каде не знам колку е рамно местото покажува како на втората слика.
Едит: Во упатството пишува дека се мери на топол мотор инаку мерењето не е веродостојно.
Ставено е ≈ 3.25л. масло и мислам дека мајсторот кога провери на шипка беше на максимум. Изминати се 1130км. од промената. Дали да дотурам или во ред е вака?

« Последно менување: 02 Јуни 2023, 11:22:14 am nestor04 »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Маслото после 1 минута е речиси целото симнато во картер. Ако дотураш и провериш на шипка, веднаш имаш повисоко ниво нели?
Ако не се симнуваше толку брзо, немаше да ти појавува на шипка веднаш покачено ниво ако дотуриш нели ?

Второ ако маслото толку тешко се симнува, ќе остане доле картерот без масло пошто нели е горе во мотор и ќе зариба моторот.

Трето, маслото не е мед па да му треба саат време или цел ден да се спушта во картер.

Провери и ќе видиш, и по 1-2 минути, и по 15, и после 6 саати, исто ниво ќе покаже. Само нека биде идеално рамно каде што мериш, да не се мрда колата кога не е крената рачна ниту е во брзина.

ЕДИ: И се додека нивото ти е меѓу минимум и максимум е ок. Да не е над или испод. Не дека не работи и ако е испод минимум, ама тука ризикот е кога е испод минимум, особено барем половина литро испод минимум, да се случи на остра нагорнина или удолнина да не повлече маслената пумпа и да останеш без притисок.
Тој е единствениот ризик ако е испод минимум.

Али се додека си во опсег меѓу минимум и максимум, немаш гајле.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5675
  • Шо да пишам тука?🤔
Ќе проверам после со другар механичар, значи може да се ориентирам и на загреан мотор на работна температура оставен исгаснат 5-15 минути?
Ако нивото е на макс. значи нема потрошено масло?
Можи изгледам глупав после овие прашања, ама боље спречити него лечити...
Едит:Фала ти @FiLo
« Последно менување: 02 Јуни 2023, 12:23:19 pm nestor04 »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Јас не сум приметил никаква разлика во мерење ниту после минута-две или три, ниту после 1 ден оставање, секогаш нивото било тоа, дали после 2 минути или после пар саати, толку е колку што има масло.
Ако измериш 2 минути по гасење на мотор, и нивото е на пола, мислиш дека ако престои до утре, магично уште половина литар ќе се симне во каретер и нивото ќе отиде на максимум ? ;D

Досега во мои мерења ова никогаш не се случило, туку секогаш е како во првата реченица што напишав.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5675
  • Шо да пишам тука?🤔
Кај мене ме чуди што е обратно. Кога е ладна има помалку масло на шипка, а кога е топла е на максимум.
Можеби е до местото.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7784
  • Плинаш!!!
Кај мене на топол мотор покажува повеќе него да го оставам да преноќи. Ова изгледа само до опел е. На други коли немало никаква разлика дали ке провериш 10-15 минути после гасење или другиот ден

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5675
  • Шо да пишам тука?🤔
Ти Жиле како мериш?
И дали на топол мотор можам да знам дали ми подтрошнува масло?
Едит: Ако и Haynes Manual пишува така повеќе би верувал на тој што го напишал тоа отколку на некој локален механичар или татко ми кој ме учеше дека на опел масло се проверува на ладно и мора да е идеално рамно инаку малку да не е рамно покажува помалку (за ова можеби беше во право).
« Последно менување: 02 Јуни 2023, 12:46:46 pm nestor04 »

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7784
  • Плинаш!!!
И јас како тебе се мачев со истиот проблем. Претходно мерев на ладен мотор. Ама последниот пат коа менував уље испуптив 4.5 литри а на шипка на ладен мотор беше фул. Инаку собира 4.2 литри. Од тогаш мерам на загреан мотор. Деновиве треба да менувам масло па ќе видиме дали сум бил во право.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5675
  • Шо да пишам тука?🤔
Ах бе Жиле, плинашиве изгледа исто размислуваме. И јас сакав при промена маслото да го претурам во една туба што ја имам од Еурол 4л. па да видиме колку ќе излезе. Ме зачуди што голем број луѓе на форумов се жалат на потрошувачка на масло или пак не знајме да мериме  ;D
Татко ми на А класата кога менуваше масло (5-6 пати имаме сменето) ставаше или Кастрол(мислам 3 пати) или Равенол (2 пати) и еднаш Шампион.
Секогаш кога испуштавме го претуравме во туба и до капка нивото беше точно по изминати 10тина илјади км. во просек (некогаш 7 некогаш 12 илјади).
Наредна промена и јас така ќе направам.
Едит: Инаку собира 4.5 литри твоето возило. Така пишува на страната на Амсоил и Шел.
« Последно менување: 02 Јуни 2023, 13:00:29 pm nestor04 »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Додека не ви чадат како локомотива, особено по успон, немате гајле.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5675
  • Шо да пишам тука?🤔
Не чади ни на 6000 вртежи со втора, ни на успон со 5та на ниски вртежи.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3736
Абе вози таму ке светне коа ке снема уље т.е коа ке биде на мин :)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)