Автор Тема: Одстранување на катализатор  (Прочитано 55632 пати)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одстранување на катализатор
« на: 19 Декември 2010, 12:42:54 pm »
Почитувани :)

Што се добива во поглед на перформанси(квантифицирано)? 
Кои зафати треба да се направат за таа цел и колку време/пари одзема тоа?
Кои се други негативни ефекти освен загадувањето и дали посоти некаква опасност/некомпатибилност со ECU-то?

Што би добил на мојата Mazda 6 1.8 16V со вадење на катализаторот и ставање на K&N печурка?

Однапред благодарам за одговорите.
« Последно менување: 09 Јануари 2011, 20:11:40 pm zeroSignal »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29719
    • CARclub.mk
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #1 на: 19 Декември 2010, 13:52:22 pm »
Генерално, ќе добиеш полесен проток на воздух низ издувниот систем, и со тоа ќе добиеш нешто на сила, али не многу.

Некомпатибилност не би требало да има со ECU-то, затоа што катализаторот и така после некое време црка и автомобилот е спремен да работи и без него. Едино што може да се деси е да ти светне сијаличка за нешто, али и тоа може да се реши.

Проблем може да биде возење низ европски земји, и рандом проверки на емисија на гасови - не сум сигурен дали/колку ги прават овие, али сум чул од луѓе што возат низ Европа дека наводно, им се десило да им проверат издувни гасови на влез во некоја земја, или рандом џандари да проверуваат. Тука може да има проблем.

Иначе, ја не би го вадел.. Добивката е мала, а ако веќе сакаш да постигнеш нешто, најди спортски катализатор. Во Скопје не сум сигурен дали има, а во Солун има сигурно.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #2 на: 19 Декември 2010, 14:28:12 pm »
Благодарам на одговорт ЗироСигнал.

Дали знаеш некој досега кој го извадил и колкава во просек е таа мала добивка (во %)?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29719
    • CARclub.mk
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #3 на: 19 Декември 2010, 15:21:24 pm »
За decat имам прочитано доста, и бројките варираат.. Има некои што викаат дека може да се добие 5-10%, што мене ми делува малку неверојатно.. Енглезите по форуми што ги читам за Леон вадат рецимо 3-4 коња.

А кај нас не знам некој што извадил - Банза ги знае тркачите низ град, сигурно некој од нив извадил.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #4 на: 19 Декември 2010, 23:12:38 pm »
Јас немам катализатор, ама така ја земав така да не можам да споредам пред и потоа. Мислам дека ретко која малце постара кола, а која е као "спортска" кај нас има катализатор. Предноста на de-cat е подобар проток на воздух, како што кажа колегата погоре.

Е сега добивката кај тебе неам појма каква е. А и јас мислам дека дури се кога ќе средиш во издувот највише ќе добиеш. Значи сите рестрикции да ги елиминираш, односно да ги намалиш. Почнувајќи од издувната грана, преку катализаторот, средните лонци и цефки па се до задниот лонец. Се ова фабричко е доста рестриктивно најчесто, и заради загадување и заради бучава.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #5 на: 19 Декември 2010, 23:33:39 pm »
Не сакам да ми брмчи колата. Сакам да е тивка. Ме интересираше дали е мал зафат да се тргне катализаторот и дали се исплати. Понатаму кога ги спомна лонците, дали нивната промена е голем и скап зафат?

Ми се врти некој филм во глава, некако сакам да го појачам возилцево...со 50-60 евра можам да земам панелен K&N филтер. Ако можам да го одстранам катализаторот за 50-тина евра и тоа ќе го направам. И последно ќе му направам ремап на ECU-то за некои 350 евра. Ми гарантираат +15KS максимална снага @5700~5800RPM и +26NM на @4200 вртежи. Комбинацијава мислам дека ќе ми го појача возилото за околу 20% во просек на целиот опсег на вртежи.

Си гаам илузии и ќе си губам време или има смисла(задоволство :) ) во сето ова?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #6 на: 19 Декември 2010, 23:50:47 pm »
За ремап сум скептик, ама пробај ако сакаш. За Хонда знам дека скоро на никој модел не се добива нешто со ремап. Потребен е нов компјутер или ремап само ако имаш нешто посериозно менувано. За Мазда не сум сигурен...

За катализатор да извадиш не би требало да биде нит скапо нит сложено. Се вади катализаторот и се става цефка место него.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #7 на: 20 Декември 2010, 03:38:39 am »
А да видиш маршер што вели како комплет за 500 еур, што би направил? Ремап со нешто ситно 18кс може да додаде грубо. Ти се даваат повеќе пари? Епа плус на тоа цел издув, и толку...

Отсутен zki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 28
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #8 на: 08 Јануари 2011, 20:58:39 pm »
Вадење на катализатор е мала зафат  и тоа може да се изведе кај било кој сервис (да не рекламирам), се поставува цевка на местото на катализаторот и таа доаѓа по сондата на граната што не предизвикува никаков проблем на компјутерот. Во зависност од големината на моторот и моќноста би требало да се добијат 4-5 коња кај 2.0 моторите (оклу 4%). Многу ги имаат извадено катализаторите кај нас и реално се добива таа моќност. Се зголемува и бучавата(сосема малку), тоа не може да се избегне.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #9 на: 09 Јануари 2011, 19:19:30 pm »
Супер, кажи ни каде. Никого не рекламираш, не се секирај.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #10 на: 09 Јануари 2011, 19:26:15 pm »
Супер, кажи ни каде. Никого не рекламираш, не се секирај.

Во секој сервис каде што има апарат за заварување. Има еден накај раде кончар флојд или незнам како се викаше .Сервис за ауспуси е, и таму сигурно има апарат :D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #11 на: 09 Јануари 2011, 19:35:13 pm »
Флојд е одма пред Еуроимпекс Пежо, кога одиш од центар накај Лисиче. Од десна страна е и пишува мислам Флојд.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен gorgasmatron

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 180
  • i am the way
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #12 на: 09 Јануари 2011, 19:46:58 pm »
vo sk neznam nekoj sto ima sportska kola i ima katalizator!!! se osekja razlika otkako ke se izvadi katalizatorot i toa e 20 min rabota kaj skoro site koli, a za merenje na izduvni gasovi niz stranstvo ne treba da ve zagrizuva voopsto, ne veruvam deka nekoj so sportska kola so kup modifikacii na nea, so otvaran motor bi se osudil da ide podaleku od grcija i srbija so nea, a ako vadenjeto katalizator i menjanjeto na filter e edinstvenoto nesto sto planiras da go pravis bolji ne se zamaraj

Отсутен zki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 28
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #13 на: 09 Јануари 2011, 22:32:12 pm »
Сервис кој ги работи тие ствари е BEDA (специјализиран за издувни системи) се наоѓа во близина на бензинската ЛУК оил кај цементара на ул.Првомајска, или попрецизно до авто центарот за гуми. Има повеќе фирми наредени на улицата ќе видиш има табла БЕДА, влегуваш таму и работата е завршена за краток период (мислам дека ќе мораш да ја оставиш колата бидејќи никој не е луд да работи на врела издувна цевка, нели?). Цената е смешна, ќе ти кажат, не е над 1000ден. Ти предлагам заедно со вадење на кат. веднаш да си монтираш спринт филтер (панелен или печурка не е битно), а подоцна да си го смениш и задниот издув со што ќе добиеш на перформанси (ќе биде осетливо при возење).

Ако треба некој друг совет кажувај. Ајде поздрав.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Одстранување на катализатор
« Одговори #14 на: 10 Јануари 2011, 02:59:33 am »
Јас на претходната кола местев задни лонци во Беда, и задоволен бев. Али сега еден од дечките што ми ги местеше работи во Флојд, така да препораката е поделена за двете места :)

Во Флојд Мацко го местеше задниот лонец на CTR-от и мислам дека добро си ја завршија работата, педантно и фино.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.