Зависи како гледаш на работите. После неколку изборни циклуси и троа „демократска“ километража, мојот впечаток е дека, демек имаме избори и ќе го избереме најдоброто од понуденото, а понуденото е бирај меѓу бесилка, гилотина, черечење или каменување. И грев било да не гласам...
Демократски избори и демократија во МК не постојат, се` е тоа wind and fog, а сите ние сме пиуни во една голема партија шах меѓу 2-3 клана. Се` се сведува на кеш и лично богатење (не дека тоа можеш да го елиминираш, ама треба поголема коска и за рајата). Свеста, патриотизмот и културата не ни се многу далеку од пред 20-30, па и повеќе години.
Бугарија ни беше за потсмев пред 15-20 години, доаѓаа на наши пазари и продаваа за да преживеат, тогаш стигнаа на тоа дереџе МК да им дава помош во жито за народот да не им поцрка од недостиг од храна, имаа валутен борд, беа во далеку полоша ситуација него ли ГР денес, ама тие денес се таму каде што се, ние исто така.
Се` додека нема салам избор, јас нема да гласам. Ако е референдум како претходниот пак ќе излезам, ама на избори јок.
Инаку Латас нема да остане кус за одговор, само чека соодветна прилика за низок удар.