Автор Тема: Идеолошка тетоважа..  (Прочитано 70329 пати)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #120 на: 14 Мај 2012, 10:30:03 am »
Џабе, пред фактите и Боговите молчат ...

Концизно му наведе Зиков за кои проблеми да разговараат во ЈАВНА дебата ...
Овој упорно се прави дека ги нема видено ...

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #121 на: 14 Мај 2012, 10:34:42 am »
Од новинариве само Никола Младенов го признавам. Васко Евтоф е топ, само преагресивен е малце.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #122 на: 14 Мај 2012, 10:43:18 am »
А Лупевска? :)

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #123 на: 14 Мај 2012, 11:04:17 am »
Мој пулен е Горан Михајловски („Сакам да кажам“ - Вест), само и тој кутриот за да не му залепат лева или десна етикета, кога плука - плука и лево и десно, нема колумна кога само по едните плукал.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #124 на: 15 Мај 2012, 13:32:12 pm »
А Лупевска? :)

Добра е. Само понекад ми се чини дека поставува прашања на кој знае одговори а нема мадиња да ги каже.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #125 на: 15 Мај 2012, 13:48:56 pm »
Лупевска ме фасцинираше кога му отиде на Чичо Бајруш у канцеларија, да му постави прашања со вклучена камера ...
Тоа се МАДИЊА од слон ... :D

Уште и објавата на емисијата, пред која добила телефонски повик, ако се емитува A1 Код, со него како главна фигура, ке ја нема и неа, и Телевизијата :D ...

А1 Код ха емитуваа за него, 5-6 месеци подоцна го уапсија, и уште е во затвор ...

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #126 на: 15 Мај 2012, 14:07:33 pm »
Ја немам гледано таа емисија.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #127 на: 15 Мај 2012, 14:33:19 pm »
Ради таа емисија лежи затвор ...

Не можам да ја најдам на youtube... помнам ја гледав на А1 ..


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #128 на: 15 Мај 2012, 14:42:19 pm »
Дај најдете ја, сакам да ја гледам.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #129 на: 22 Мај 2012, 13:06:37 pm »
Ако ви зуи во ушите, ви се врти во главата, имате мачнина во стомакот... не се грижете. Ниту ве фатиле љубовни проблеми, ниту сте во прединфарктна состојба. Тоа е само последица на суперсоничната брзина со која Македонија се движи напред. Во сè понеизвесната иднина. И ние, што сме на опашката на овие прогресивни сили кои така лудо, да не кажам безглаво, јуришаат напред, жестоко ги чувствуваме ваквите нуспојави, а можете да замислите како им е на предводниците, на преродбениците, на авангардата на македонската нова реалност, на оние кои шибаат 24/7...

Уште премиерот не сфати во која временска зона се наоѓа, а веќе, во онаа бестежинска состојба во која што мора да се наоѓа за да биде истовремено и во Кина и во Бунарџик, само не во Чикаго, со посредство на МИА, ѝ се обрати на нацијата, а богами и на НАТО. На воодушевување на штотуку прогледаниот народ, аргументирано го докажа она што, на пример, Слободан Милошевиќ одамна го знаеше: дека НАТО е лицемерна организација, која ги користи малите држави за свои потреби, а во суштина им работи зад грб; дека станува збор за лицемерие и безобразлук итн. И, нормално, политичар од таков формат каков што е Груевски, нема намера да се појави во Чикаго ниту на било кој друг самит на НАТО, барем до оној момент додека не добиеме покана за членство. Под уставното име, се разбира. Згора на тоа, според Груевски, таму не смееше да биде ниту министерот за внатрешни работи Поповски, а камоли претседателот Иванов. Наша мерка, вели Груевски, би била присуство на заменикот министер за надворешни работи.

о ваквите изјави и последиците беа очекувани. Откога Груевски така вешто откри дека претседателите и шефовите на влади на околу 60 земји што во моментов присуствуваат во Чикаго, под маската на договори за Авганистан, во суштина кројат планови како да ѝ го сменат идентитетот на Македонија, јасно беше дека во Чикаго ќе избијат крвави демонстрации, а Самитот ќе западне во криза. Дека ѓаволот ја однесе шегата, можеше да се види и од моментот кога Обама демонстративно и револтирано одби да му намигне на Иванов.

Но, ние, ниту по цена на намигнувањето на Обама, нема да дозволиме да бидеме европска, а уште помалку НАТО-провинција. Ние имаме План Бе. Ние ќе бидеме - кинеска провинција. Претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обиде да нè направи тајванска провинција, ама со оглед на фактот дека Тајван не произведува двокатни автобуси, оваа симбиоза мораше да пропадне. Конечно, кинеските искуства можат да бидат и тоа како корисни за нас. На пример, да нè научат како се гради Кинески ѕид. Таква една инвестиција ем ќе обезбеди работа за сите овдешни невработени во наредните два века, ем политички ќе ги изолираме и Европа и НАТО, со што ќе им зададеме конечен удар на овие преживеани политички форми.

Од друга страна, од аспект на граѓанин на општината во која живеам јас, значи Аеродром, онаа за која власта милува да каже дека е најурбана општина во државата, изгледа дека Груевски не бил во посета на Кина, туку на Јапонија. Тука, што би се рекло, како споменици по дожд, никнуваат бонсаи-цркви. Уште човек не стигнал „амин“ да каже, а веќе седум црквички го обиколиле. Под мотото „Кај ќе видиш згоден пешачки остров, ти црква засади“, целиот Аеродром се пошуми, или поточно поцркви со овие чудни зданија.

И покрај најдобра волја не можам да разберам за што служат овие закржлавени верски храмови. Ако и оваа мода влегува во папката „зачувување на идентитетот“, тогаш идентитетот мора да ни е минијатурен, недоразвиен и прилично грд. Просто плаче да се смени. Но, можда се други варијанти во прашање. На пример, тивка одмазда за укинувањето на веронауката во училиштата, па затоа се прават цркви за дечиња. Сепак, за волја на вистината, црквите што се пред мојот влез, повеќе изгледаат како верски храмови за некој вид на Штрумфови, отколку за деца. Или, уште повеќе, за некои калимера, кои нон-стоп плачат дека нема правда, отколку за гордиот библиски народ.

Еве уште една корисна работа од Министерството за внатрешни работи. Потпишаа договор за соработка со Факултетот за драмски уметности. Сега идните актери ќе глумат криминалци, а полицајците ќе глумат дека ги ловат наводните криминалци. Ваквата соработка е корисна од неколку аспекти. Прво, актерите, на кои до сега резервна професија им беше пеењето, сега ќе можат да научат уште еден занает што и тоа како ќе може да им се најде во иднина. И, второ, полицијата, која и онака глуми дека го спречува криминалот, сега ќе може да се усоврши во својата специјалност.

Овие денови се изнаслушав муабети за фудбалот. Те „Јувентус“ нешто, па „Наполи“, па „Челзи“, па... Само што никој не знаеше да ми каже дали заврши македонското фудбалско првенство. Некои злобници ќе кажат: каква политика, таков фудбал. Тешко, значи, може човек да смисли позалудна работа од Македонската прва фудбалска лига. Освен можеби македонската надворешна политика. Инаку, за ваша информација, првак е „Вардар“. Тоа е оној клуб што годинава требаше да игра во Втората лига, но бидејќи Македонија, за разлика од НАТО, е позната по правичноста и фер-плејот, клубот што има обратнопропорционален број навивачи од бројот на седиштата на неговиот стадион, ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите. Тоа го нема ни во Кинa.

Томислав Николиќ стана претседател на Србија. Се чини дека балканските работи доаѓаат на свое место. Речиси сум убеден дека ни е обезбеден силен ветер во грб на нашето патување кон Кина. Затоа е препорачливо да се врзете.

http://www.time.mk/read/a0ad07ee73/bce35b05d8/index.html


Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #131 на: 23 Мај 2012, 23:26:54 pm »
Oдлични, одлични прашања ..

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
« Последно менување: 24 Мај 2012, 13:59:46 pm marsher »

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #133 на: 25 Мај 2012, 04:01:40 am »
Од новинариве само Никола Младенов го признавам. Васко Евтоф е топ, само преагресивен е малце.
Хахахахах не можеш на ред да дојдеш да кажеш нешто кај Ефтов у емисија, на него не му требаат гости, може комотно сам да си ја води емисијата со слика од гостинот ;D

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #134 на: 25 Мај 2012, 12:33:55 pm »
http://www.plusinfo.mk/mislenje/524/Balkanskiot-Chavez-ja-napadna-Amerika

цитат:дека самиот премиер шета по светот со беџови каде се претставува и не претставува како „фиромци“.
ова му е тотална глупост,
текстот изобилува со пљукање по се можно,само колку да се докаже пред уредникот,еве јас колку пљукам по груевски и не ми е страв.
не дека го ја бранам или ја бранам политиката на вмро,и јас сум против врбите во вардар ...
ама има секакви текстови под кој се потпишуваат личности ,јас не би ги нарекол новинари.
форд фиеста 1,4 тдци