Ние имаме само еден проблем, немаме избор.
Не е точно! Имаш избор да не одиш на гласање или да одиш и да го поништиш гласот.
Потполно се сложувам со гојдо, и истото го практикувам. Сум гласал и за едни, и за други и за трети, иста лепешка се сите, само да се доберат до фотеља и да штанцаат тендери. Дали сум гласал, не сум гласал, ми го злоупотебиле ливчето или не, во мојов живот (а верувам и во вашите) не направило НИКАКВА разлика. Разлика прави за партиски војници кои добиваат следОвање за ангажманот.
Затоа веќе не гласам, а капката што ја прели чашата беше референдумот кога отидоа курбан Струга, Кичево а богами и Скопје. Од тогаш немам гласано за ништо, ниту локални, ниту парламентарни, ниту претседателски избори. И тешко во скора иднина да гласам за нешто. Попрво за евровизија ќе пуштам СМС, отколку да гласам за некого, рака ми се исушила...
А едно време и јас се будалев како дени и им објаснував на сите околу мене дека најголем грев е да не излезеш на гласање...