Автор Тема: Идеолошка тетоважа..  (Прочитано 70255 пати)

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Идеолошка тетоважа..
« на: 11 Април 2012, 16:05:33 pm »
Ме бендиса еден текст,кој можеби на некои нема да им се бендиса..



Кој ви го даде мојот телефонски број? Кој ви дозволи да ми се јавувате? Имате ли писмена согласност од мене дека сакам да учествувам во игри на среќа? Најпрвин сте ја прекршиле мојата приватност со тоа што сте ме вознемириле со порака, потем сте ја искористиле мојата нервоза за да ми прогласите „неточен одговор“, и најнакрај – ме туркате во комар, кој не го сакам. Престанете да им влегувате на луѓето во џигерот, во потсвеста, под гаќи


Писма до душевадникот
1. Стојам пред фрижидерот за сувомесни производи на еден наш голем маркет и слушам како младата госпоѓа пред мене, која инаку ја познавам, протестира: го кара момчето што ги сече саламите, затоа што не ги наредил парченцата печеница едно под друго, туку ги расфрлал по хартијата во која треба да ги завитка. Во право е: иако не е некоја голема работа дома да ги подредиш парченцата сам, зошто да не ти ги даде подредени, кога веќе машината ги исфрла така? На нејзините укори, момчето одговори со мизансцена, а без збор. Ја повика со рака својата колешка, ѝ ја препушти клиентката, а ме презеде мене. И, откако се увери дека незадоволната госпоѓа си заминала, додека ме услужуваше, почна да бара од мене, на оној добро познат итарпејовски начин, да застанам на негова страна. Типичен менталитет на Балканот кај сите продавачи, таксисти, службеници – си тераат приватен муабет со клиентите како со нив да израснале, па дури бараат и пресуда во нивна полза ако овие биле сведок на некаков нивен конфликт. Еве што рече, демек за себе: „Госпожа! Не можела сама да ги нареди. Да не сака дома да ѝ појдам, да ѝ направам ордевер?! Ги пуштила ноктине како некоја мачка и ми се занесува... а бе, како никој пред неа не се пожалил досега?“ И бидејќи момчето гледа дека кај мене не добива некаква одушевена поддршка, додава, сега небаре целосно за себе (а повторно, се разбира, ме адресира мене): „Дај ми плата 40 илјади, па да видиш како ќе ги наредам“.Мене почнува да ми се блуе од него. Отстапувам од фрижидерот, тој прашално ме гледа, јас му велам дека ќе се вратам, само да земам нешто што не смеам да заборавам, и зад првата гондола се скривам. Навистина ми се превртуваат цревата. Еден невоспитан лигуш, истетовиран на целата подлактица, некој што сигурно едвај завршил средно трговско училиште, што со сигурност преку врска дошол на тој штанд да реже салами, што не сфаќа дека тоа работно место е климакс во кариерата за неговиот пилешки мозок, што треба на тоа работно место да гледа како да е вработен во лабораторија на НАСА, е тој – ни пет ни шест, бара плата повисока од мојата!!! Значи – тој буквално, гледајќи го падот на сите вредности во општеството, ми вели (и мене и на сите) – плукам јас на вашите дипломи, плукам на вашите магистратури, докторати, на сите ваши години учење. Јас сакам, по кратка постапка, плата колку вашата, за сечење салами со подредување. И се враќам, и го гледам тој младич со истетовирана подлактица како уште незадоволно мрмори, па си мислам: тој едвај да има вкупно толку години живот колку што јас сум учел – 8 години основно, 4 средно, 4 факултет, 3 магистратура, 3 докторат = 22. Тој учел вкупно 12. А бара плата повисока од мојата.Кој го научи така? Семејството, училиштето, политиката, медиумите, или сите заедно? Кој го научи така бесрамно да го посакува туѓото, она што не го заслужува? Од каде му е идејата дека сме јас и тој исти? Та нели расчистивме со комунизмот? Или живееме во еден тивок малограѓански неокомунизам (извини комунизму што те навредувам!), кој се сведува на обичен бандитизам – да се грабне туѓото на најбесрамен начин, без да се заслужува. Туѓа плата, туѓа кола, туѓа позиција, туѓо работно место или туѓа жена – сеедно.2. Моето телефонско сандаче е преполно со пораки. Од натрапникот со телефонски број 1477. Оваа седмица ме растурија, ме растроија со пораки за некаква наградна игра. Сѐ почна во еден момент на огромна презафатеност, кога вибрирањето на телефонот ми покажа дека сум добил порака. Возев, брзав на еден состанок и не одговорив. За пет минути повторно порака. Сите пораки беа за некаква наградна игра, во која би требало да се вклучам, за да не се каам потоа. Мислам дека стануваше збор за некаков телевизор. Бидејќи денот ми беше напнат, преполн со нервоза и обврски, не одговарав на пораките. Конечно, откако среде академска дискусија на говорница (предавање) повторно почнаа да ме бомбардираат со пораки (вибрирања), а јас, меѓу другото, чекав и многу важна информација за здравствената состојба на еден од моите блиски, конечно, се извинив пред аудиториумот, го зедов телефонот в рака и ја прочитав пораката. Таму, покрај благиот укор дека со неучеството си ги губам шансите, стоеше наградното прашање (којзнае кое по ред): „Од што е направен Пинокио?“ Имаше два одговора: под 1. „од дрво“, а под 2. – не помнам што. Нервозен, напишав: „Од дрвена сперма“, и го вратив телефонот на појасот, каде што стои закачен на ременот. За неколку секунди, само што ја најдов загубената нишка на мислата од прекинатото предавање, добив одговор. Повторно го прекинав предавањето, и ја прочитав пораката. На неа стоеше, замислете – дека одговорот не е точен!Е па, драги мои анонимни натрапници од 1477, во нормална држава ќе се тужевме. Прво, ќе се тужевме преку тим експерти околу точноста на одговорот. Ако е за инает, јас сум поголем инаетчија од вас. Одговорот дека Пинокио е направен од „дрвена сперма“ не е целосно неточен, иако не се вклопува во вашата дигитална, бинарна логика „1“ или „2“. Тоа е ефектна метафора, а метафорите никогаш не се ни целосно вистинити ни целосно лажни. Второ – ќе се тужевме затоа што вие, без мое одобрение да влезам во играта – сте ме ставиле во вашето електонско оро, па ме бомбардиравте уште неколку дена. Од каде ви е вам слободата да ми се јавувате, кога ќе посакате? Од каде ви е претпоставката дека јас лежам во кревет, лапам баклави и едвај чекам да добијам некое од вашите дебилни квиз-прашања, за да си добијам телевизор „сони“? А што ако сум на настава, на - не дај боже - погреб или во болница, што ако сум во некоја драматична ситуација во животот, што ако сум во манастир, што ако сум во долготрајна депресија и барам душевен мир? На крај краишта – што ако сум професионален возач, хирург, пилот, кому сето внимание му е потребно за да си ја врши работата? Последните ваши четири пораки гласат: 1. „Те избравме да се натпреваруваш со уште 10 играчи за ‘самсунг галакси таб’...“ 2. „Избран си за ВИП-играч на 31 март. Честитки! Ќе ја имаш можноста само со 3 прашања да се класираш (наместо пласираш – моја заб.)...“. 3. „Почнуваме со едно полесно прашање: што треба да протрие Аладин, за да се појави волшебниот дух?“ и 4. „Почнува неделното доделување на ВИП-наградите“. Се вознемирува ли човек во недела, невоспитани?!Имам и јас неколку прашања за вас: кој ви го даде мојот телефонски број? Кој ви дозволи да ми се јавувате? Имате ли писмена согласност од мене дека сакам да учествувам во игри на среќа? Најпрвин сте ја прекршиле мојата приватност со тоа што сте ме вознемириле со порака, потем сте ја искористиле мојата нервоза за да ми прогласите „неточен одговор“, и најнакрај – ме туркате во комар, кој не го сакам. Ако сакам да играм на среќа, ќе појдам на места каде што тоа се прави. Престанете да им влегувате на луѓето во џигерот, во потсвеста, под гаќи. Вие немате право на тоа, како што она месарче нема право на плата поголема од мојата! Знае ли некој денес што е тоа ПРИВАТНОСТ?Авторот е универзитетски професор и писател


Венко Андоновски
Идеолошка тетоважа  


  
  
  
Тие млади што постојано бараат некој ДА ИМ ДАДЕ, се разминуваат со оние што не им даваат – власта. Власта дење работи на нивно припитомување, владеење и идеолошко тетовирање, додека тие спијат. Ноќе, кога младите беснеат и го празнат своето, меѓу другото и социјално незадоволство по журки, власта спие и се одмора, подготвувајќи се за нов ден владеење. Така, владеаните и владетелите постојано се разминуваат. А додека не се сретнат, нема да има ни востание, ни бунт, ни барикади. Ни дијалог, барем  
    
  
Писма до душевадникот

За мене целосно неочекувано, последната моја колумна предизвика бура од реакции и коментари на социјалните мрежи, особено кај помладите. Како што обично ни се случува, некој неважен детаљ станува центар на дебатата на коментаторите, па така идејата се разводнува, односно вниманието се дефокусира од проблемот. Многу ми е жал што тоа се случи и овој пат. Имено, мојата вистинска приказна за едно момче, кое работи на сечење салами во еден маркет и кое не сака да ги подреди пресечените парченца печеница по големина, под образложение „дај ми 40 илјади денари плата, па ќе видиш дали нема да ти ги наредам“ – заврши како приказна за еден неважен детаљ – тетоважата на подлактицата на момчето. Таа тетоважа ја спомнав само затоа што беше дел од реалниот лик на приказната, а не, како што заклучија некои од моите коментатори, дека ги мразам тетовираните или дека ги сметам за суштества од втор ред. Напротив, речиси и да немам пријател и пријателка што не се тетовирани. Втората мисинтерпретација настана околу образованието на момчето – јас напишав дека не му прилега на дете со едвај завршени четири години средно трговско училиште да посакува нешто што го немаат ни луѓе со дваесет и пет години континуирано учење. Наместо таа поента, работата на моите коментатори се сведе на тоа дека ги сегрегирам луѓето според образованието. Оние што ме познаваат добро, знаат дека за мене има само добри и лоши луѓе, и дека барем јас сум познат по тоа дека се дружам со СИТЕ.

Не мислам да се извинувам никому, затоа што не сум имал намера никого да навредам. Напротив, имам намера да поставам уште прашања: кој наставник ги осакати тие мои коментатори - да не можат да погодат обична тема и идеја во текст, туку да се фаќаат за споредни детали? Па можеше наместо тетоважа, да кажам дека момчето е ќелаво, и што тогаш? Ќе реагираа ли ќелавите дека ги навредувам (види ја мојата фотка горе)? Кој им предавал литература, ако не ги научил дека во сказната за грдото пајче поентата е дека и грдите се убави, а не дека, на пример, бабата што го нашла смрзнатото пајче се викала Хелга, Худа, Марта или дека имала 78, а не 64 години?

Зошто настана мисинтерпретација на мојата колумна? Или јас не сум бил доволно јасен, или затоа што луѓето во принцип сакаат да го прават она што е полесно. И самиот го знам тоа: многупати сум пишувал за она што ми е познато, затоа што би ми требало многу повеќе труд за да се фатам во костец со непознатото. И секогаш сум излегувал зијан. Значи, што загубија сите оние што се фатија за неважните детали на кои е лесно да се поентира - тетоважата и степенот на образование на момчето? Ја загубија поентата, која намерно не ја напишав, чекајќи да ја видам напишана кај некој од моите коментатори. А поентата е: МОМЧЕТО ИМА ПРАВО НА ТИЕ 40.000 денари, но нема право да ги посакува на тој начин и под овие околности. Имено, сите знаеме дека за еден нормален живот денес тие 40.000 денари, особено за млад човек, не се ништо. Значи, поентата беше дека живееме во ХРОНИЧНА и ДРАСТИЧНА сиромаштија, а не дека се тетовираме. Поентата беше дека немаме држава што може да му ги даде тие пари и дека за тоа некој е виновен и одговорен. Поентата беше дека луѓето со средно училиште воопшто не можат да најдат работа (нашиот лик е тука среќен исклучок), а тие, „среднистите“, се основа на секоја средна класа во секоја нормална држава, фактор на социјалната стабилност. Без нив животот во една држава би бил невозможен. Јас барем сум се изјаснувал за тоа – историска одговорност ќе понесат оние што наместо да ги вработат средношколците и да им обезбедат плата од 40.000 денари (тогаш и јас ќе бидам подобро платен), ги регрутираат во студенти, спуштајќи ги цената и стандардите на студирање, за статистички да ја намалат цифрата на невработените!

Според тоа, тоа момче има право на тоа што го посакува, но не во ваква држава. Треба да сфати дека ако сака да го постигне тоа, треба да заземе многу поактивен став кон стварноста. Од кукање фајде нема. Што би се случило ако некој хирург рече – дајте ми 5.000 евра плата, па да видите како ќе оперирам! И, бидејќи нема стварност каква што посакуваме (таква што би ни дала 40.000 денари плата), треба да се запрашаме: што правиме за да стекнеме таква стварност што ќе биде способна да ни даде таква, за човековото достоинство неопходна плата? Зошто тоа момче не земе метла во рака, па да го смете општественото ѓубре што со години не дозволува да пркнеме, да појдеме напред кон посакуваната плата? Зошто неговите колеги студенти им попуштаат и на најситните бирократи во образованиот систем, а зборот „барикада“ го знаат само од историски филмови и од записите за 1968-та? Наместо тоа, сите тие стануваат жртви на финтата – Интернет и компјутер во секое село. И ноќе, наместо да спијат, коментираат туѓи текстови, дефокусирајќи им ја поентата, демонтирајќи го нивното полнење, свртувајќи го вниманието кон безначајности. Така, тие млади што постојано бараат некој ДА ИМ ДАДЕ, се разминуваат со оние што не им даваат – власта. Власта дење работи на нивно припитомување, владеење и идеолошко тетовирање, додека тие спијат. Ноќе, кога младите беснеат и го празнат своето, меѓу другото и социјално незадоволство по журки, власта спие и се одмора, подготвувајќи се за нов ден владеење. Така, владеаните и владетелите постојано се разминуваат. А додека не се сретнат, нема да има ни востание, ни бунт, ни барикади. Ни дијалог, барем.

Ете така, драги мои коментатори, па лутете ми се колку што сакате. А ако мислевте дека за тетоважите знам толку малку и мислам толку ограничено, како некој закоравен старец што осудува сѐ што е тренд кај младите, сте се излажале. Знам јас да ценам кога некој својата сопствена кожа ја користи како материјал за пишување. Знам и дека тоа е во тесна врска со недовербата во медиумите, оти тетоважата е единствениот запис во кој цензурата не игра улога и во кој медиумот е лично ваш и никој не може да ви го одземе. Знам за тетоважите и многу други нешта: знам дека се дел и од политичкото несвесно, дека ги има во примитивни племиња, но и во најразвиени современи тоталитарни режими што целосно ја потцениле човековата личност. И знам дека идеолошката тетоважа е многу поопасна од телесната. А дел од идеолошката тетоважа е и дефокусирањето на вниманието. Она што впрочем бесплатно го прават моите коментатори помагајќи им на оние што се критикувани, без да бидат свесни за тоа дека им помагаат. Но затоа сум јас тука – да повторувам, да малтретирам, да ве измачувам. За тоа сум платен. А ако ми дадат 40.000 денари, да видите тогаш што можам! Никој вода не ќе може да ми носи за колумниве!

Авторот е универзитетски професор и писател

  
« Последно менување: 11 Април 2012, 21:41:17 pm marsher »

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #1 на: 11 Април 2012, 18:58:03 pm »
.
« Последно менување: 04 Мај 2012, 23:01:53 pm zippo »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30064
    • CARclub.mk
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #2 на: 11 Април 2012, 19:17:06 pm »
Етикетирањето постоело и ќе постои, но останува на свесноста на луѓето да разберат зошто етикетирањето постои, и да сфатат дека на крају краева, етикетирањето постои со причина и понекогаш е оправдано.

Е сега, младите (помеѓу кои се бројам и јас, секако) имаат многу за учење - времињата се променија а вредностите сериозно се изместија, па сега не е важно кој колку знае или колку може, туку кој кого знае и колку има. По некои случајни околности, ја имам таа привилегија (а богами и таа среќа) во приватниот живот да сум окружен со луѓе кои ги ценам и знам дека ме ценат, и кои ги имаат (помалку или повеќе) вистинските вредности пред нив.

Меѓутоа, кога Венко зборува за тетоважа, не зборува за етикетирање. Зборува за спореден и незначителен атрибут кој е земен како примарен и преувеличен од страна на само-прогласени алтруисти кои си го даваат правото да се престават како „гласот на народот“ и некаква си проактивна младина, а уствари се дават самите себеси во политички-коректен булшит. Во претходната колумна Венко зборуваше за односот кон муштеријата на еден млад човек, вработен во некој од нашиве супермаркети. Младиот човек не само што бил некоректен со муштеријата, туку и си дал за право да одбруси нешто откако муштеријата си отишол, а краен аргумент му бил (парафразирам, ја немам колумната сега пред мене): „Плати ме 40.000, па ќе ти ја сечам саламата како сакаш.“

Венко го опиша дечкото дека имал тетоважа, и тука завршува муабетот - а тоа што коментаторите у фотељи го земаа деталот со тетоважите и од него направија фама е смешно, затоа што комплетно ја промашија поентата на колумната.

Конкретно, Венко зборува за „очекувањето“ - односно, очекувањето некој друг да ти ги реши проблемите, и одбивањето на младите да се соочат со реалноста. Која е реалноста? Во Македонија тоа е сосем дискутабилна работа, и се сведува на субјективно интерпретирање на работите, но реалноста е дека одговорот на проблемите сигурно не е во „плати ме ти мене 40.000, па јас ќе правам што сакаш.“

П.С. Зошто да не пишуваш повеќе?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #3 на: 11 Април 2012, 19:20:16 pm »
Ќе го пишев истово што и Зеро, ама тој го пиша доста поубаво.

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #4 на: 11 Април 2012, 19:45:55 pm »
.
« Последно менување: 04 Мај 2012, 23:02:14 pm zippo »

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Re: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #5 на: 11 Април 2012, 20:04:40 pm »
Маршер, би било убаво да го ставиш причинителот на оваа колумна, т.е. првиот дел од колумнава во истиот прв пост. Ја има на Нова Македонија сајтот.

Така ќе биде ем покомплетна, ем ако некој се заинтересира ќе го има целиот текст на едно место.

Респект за Венко.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #6 на: 11 Април 2012, 21:06:14 pm »
Случајно дојде текстов до мене и мислам ми беше доволен  и овој дел да ја сфатам поентата.
Венко( не зошто помалиот син ми се вика така) го ценам многу, барем од она што до сега од него сум гледал на телевизија или читал.Можам да го споредам со еден Момо Капор кој исто така на еден волшебен начин знае од тешко забалежливи , кои ќе ти протрчаат на прв поглед, да издвои суштински, значајни работи.
Ме бендисаа и Вашите коментари на текстов.
Марјанот-да не пребарувам, ако го имаш линкот слободно постирај го, немам јас авторство на текстов.
Инаку, ако текстов и коментариве барем за малку допрат до младите на форумов,ќе ми биде мило.
« Последно менување: 11 Април 2012, 21:18:47 pm marsher »

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #7 на: 11 Април 2012, 21:30:56 pm »
Еве го текстот: Две лица на натрапникот> http://goo.gl/JScRm

Идејата ми беше, во првиот пост да го вметнеш овој текст. Прво овој, па тој што е сега постиран. Така ќе си бидат на едно место, во еден пост, причина-последица :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #8 на: 11 Април 2012, 21:37:45 pm »
Се извинувам за дабл-пост, Венко е моментално на Наша ТВ, Политико

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #9 на: 11 Април 2012, 21:42:09 pm »
Прифатено, направено, благодарам...

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #10 на: 12 Април 2012, 08:14:06 am »
Многу поучен текст. :)
Свака Час :)

Од дамна на форумов немам прочитано нешто квалитетно :)
Па макар тоа било и за коли  ;D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #11 на: 12 Април 2012, 09:08:41 am »
Da se potsetime?

АУДИ ПРОПАДНА ЗА ПРОВИЗИЈА ОД 15 МИЛИОНИ МАРКИ (9)

Во екот на предизборната кампања за претстојните парламентарни избори на 5 јули 2006 година, помеѓу останатото, сведоци сме и на невидената агилност на "домаќините" од владејачкиот СДСМ на чело со премиерот Бучковски, да не убедат дека само што не пристигнале т.н. светски брендови, кои се спремни да инвестираат во Македонија. Ова, како и педесетте нивни "успешни" остварувања, плус уште педесет што ќе ги реализирале, како и "сериозните" луѓе од СДСМ, и слични небулози, всушност биле гаранција за т.н.македонска успешна приказна. Очигледно е дека и премиерот Бучковски, како и "државникот" Црвенковски, живее во некој свој виртуелен свет, а во реалноста од највуваните инвестиции на т.н.познати марки од странство, практично нема ниту трага ниту глас.

Ова состојба ме потсетува на периодот од пред десетина години, кога "државотворниот" СДСМ на голема врата најави дека во Македонија доаѓа автомобилскиот гигант "Ауди" за да гради фабрика за автомобили. И тогаш, како и сега, со најавата за влез на "Ауди" во Македонија, паралено се креираше невидена еуфорија во јавноста, дека влезот на германскиот автомобилски гигант е особено значаен. Истовремено, не бевме поштедени од силното фалбаџиство на "државотворците"дека овие "планетарни" успеси за Македонија не доаѓаат сами од себе, туку некој својски се потрудил и одработил за "доброто" на Македонија. Се разбира, овие идентични маркетиншки изјави, и тогаш беа во функција да се ќарат што повеќе изборни гласови од граѓаните.

За подобра прегледност на т.н. случај "Ауди", да спомнам дека претходно веќе пишував за тоа како Црвенковски своевремено како премиер, по приграбувањето на реалната власт и контролата врз СДБ, меѓудругото ќе одобри формирање и на трета управа во СДБ за спротиставување на повисоки облици на криминал, за да ги има сите потребни податоци за приватизацијата, за свои лични потреби. Во овој контекст, во корелација со ОА "Трансформација 96", ќе биде заведена и оперативната акција "Монета", каде што меѓу останатите ќе се добијат и интересни податоци во врска со случајот "Ауди". Во продолжение сумарно ќе наведеме одредена фактографија што ја отсликува пропаста на овој проект.

Првичните начелни преговори меѓу македонската Влада и менаџментот на германскиот автомобилски конзорциум се движат во задоволителна насока и дури пред македонската јавност ќе се обзнани дека е успешен пилот-проектот со склопување три автомобили "ауди-3", во една од салите на металскиот завот "Тито" во Скопје. Со тоа, "државотворците" од СДСМ сакаа симболично да прикажат дека со првите три произведени автомобили во Македонија работите во врска со фабриката се, речиси, готови.
Според оперативните сознанија во СДБ, пак, станува збор за маркетиншки конструиран случај бидејќи, наводно, произведените три автомобили во Македонија биле донесени од централата.

Значи, начелно договорените принципи за изградбата на фабрика за автомобили ви Македонија или, како што официјално е наречен проект "Асиба-МГ Ауди А3", на теренот требаше од наша страна деталите да ги операционализираат владиниот министер во тоа време Ј.М. и сопственикот на "Асиба",Пеце Дамевски. Се разбира, премиерот Црвенковски во тоа време тргна со невидена медиумска кампања. Сопственикот на "Асиба", Дамевски, речиси не се симнуваше од медиумите и ни беше претставуван како човек со кој СДСМ се гордее.

Но, пресвртот со изградбата на фабрика за автомобили во Македонија настанува кога министерот Ј.М. на една полутајна средба со германските партнери ќе побара дополнителна провизија. Спротивно на претходно, веќе договорената провизија што ќе ја дадат германците за многубројните екстра поволности што ќе треба да ги одобри македонската влада (локација, инфраструктура, даночни олеснувања и слични бенефиции), тогашниот министер Ј.М. на оваа средба ќе побара "на своја рака" дополнителни 15 милиони германски марки за да заживее проектот (иако во белешките во овој сегмент не се спомнува Црвенковски, едноставно е за неверување министерот да направил таков крупен излет без знаење на шефот).

Се разбира, педантните Германци се непријатно изненадени од овој нов момент, но веднаш не го одбиваат министерот, туку го упатуваат провизијата да ја земе од сопственикот на "Асиба", партнер во проектот, истовремено кажувајќи му на министерот дека исплатиле се што требало да се плати на име провизија. По ова, министерот Ј.М. ги пренесува германските сугестии на Дамевски и на таа средба недвосмилено му кажува дека дополнително тајфата на СДСМ заклучила дека е потребно да им се плати провизија од 15 милиони марки, кои, се рабира, би биле во интерес на државата.

Пеце Асиба нема да ја исплати дополнителната провизија, и тука некаде е крајот на приказната со "Ауди" во Македонија. Натаму, епилогот е јасен, "Ауди" се повлекува од проектот, "Асиба" во периодот што следува ќе банкротира, а бизнисот со дилерството на автомобилите "ауди" ќе отиде во рацете на лице од семејството на Црвенковски, кој, пак, во јавноста кажува дека има многу роднини, и не знае какви бизниси му работат роднините.

Значи, за разлика од актуелните виртуелните најави на Бучковски за влез на т.н. светски марки во Македонија, во тоа време конзорциумот "Ауди" навистина пројавил интерес за влез во Македонија, но на највулгарен начин ќе биде одвратен од идејата со дополнителната провизија. "Државотворците" од СДСМ под странски инвестиции, всушност, подразбирале провизии за лично богатење, а нивната лакомост и понатаму ќе остане недопрена од органите на прогонот, што значи дека оперативните сознанија во третата управа на СДБ и понатму остануваат само за лично информирање на премиерот Црвенковски во тоа време.

Интересен е и профилот на "домаќините" од СДСМ, кои и тогаш и денес ни се претставуваат како сериозни лица за сериозни времиња. Така, по пропаста на проектот "Ауди", и паѓањето на власта на СДСМ во 1998 година, нивното сериозно лице Пеце Дамевски веднаш ќе се потруди (неуспешно) да фати приклучок со новата власт на ВМРО ДПМНЕ, жалејќи се од своите "комуњари". Еве што му пишува Дамевски од СДСМ на новиот премиер Љубчо Георгиевски, во мошне инспиративното лично писмо до него од 12 јануари 1999 година: "Искрено се радувам што можам лично да ви го честитам изборот за премиер... За мене е илузорно да се каже дека нешто е невозможно... Широк е светот што чека околу нас, мислам на подрачјето што треба да го покриеме со фабриката во Македонија, иако таков не му изгледа на оној што сака само да ги изодува веќе познатите патеки, а на тој начин е стеснета нивната работа, а уште повеќе стеснети можностите... Почитуван премиере, очигледно им припаѓате на личностите кои се подготвени да создадат нови патишта и да испробаат нови нешта, светот е пространо место, а бројот на работите што можат да се завршат неограничени".

"Сериозните" луѓе на СДСМ, откако се раскараа помеѓу себе за провизијата за проектот "Ауди", веднаш се обидоа да се "прилепат" на новиот премиер Љубчо Ѓеоргиевски, без оглед на тоа што за време на нивното владеење Ѓеоргиевски беше обработуван од тајната полиција и зваеден во ОО "Книга" како "македонски екстремист и врховист".
Да потсетиме: оперативната акција "Монета", која меѓу другото содржеше податоци за нечесните игри со провизиите за проектот "Ауди", како и ОА"Трансформација", во предвечерието на изборите во 1998 година ќе биде дерегистрирана (укината), а службените материјали ќе бидат изнесени од МВР.

http://www.ndm.org.mk/ndm/index.php?option=com_content&view=article&id=110&Itemid=102&limitstart=9

Macedonia - Pointless.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30064
    • CARclub.mk
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #12 на: 12 Април 2012, 09:38:18 am »
А текстов е поврзан со темата темата бидејќи... ?

Сите ја знаеме многу добро приказната со Ауди.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #13 на: 12 Април 2012, 09:39:00 am »
А текстов е поврзан со темата темата бидејќи... ?


...ne mi se otvara nova tema koja bi imala edvaj 2-3 strani.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Идеолошка тетоважа..
« Одговори #14 на: 12 Април 2012, 09:39:38 am »
Wtf? Nema potreba da mesame politika - do tolku.