Сите 3 аута се феноменални сами по себе, а во нашиот свет на југовци, голфови и шмекерски џипчиња се еднорози шо ќењаат виножита.
Имав чест и среќа да се повозам во сите и иако не сум Алфаш, некако Алфата ептен ми легна на срце

прво затоа што е оригинал GTA, не чепкана и ептен сочувана, а второ има епски мотор, звук вади многу сличен на м5-ката на
@Klen, најозбилно ова, уствари пољуто звучи при високи обртаи, има многу потентен вртежен момент и не се понаша ко кола со преден погон. A да, и не се расипа

Иначе сите три се различни една од друга и убави на свој начин:
1.Карерата е порнич од надвор, појава за кршење врат и одлично ГT и покрај годините;
2.BMW-то е мадафака од надвор, драма од внатре и ѕверски проект на кој многу малку му фали да биде балистички жилет за сецкање кривини;
3.Алфата е мераклиски дејли драјвер, лично не ми се свиѓаат браниците (фабрички) али останатото е цмок и ентериер и мотор и перформанси.