Не не Смичка, споредено со некоја друга кола не е во ред

Дали М3кава од огласов е скапа се споредува со друга слична М3ка, не со Мерцедес ЦЛ, не со нова Киа Рио, не со братучед ми од Франција што купи нов краден Голф ГТИ...
Е сеа како што рече Томи што залутала во оваа немаштија М3кава, тоа е друг проблем.
Иначе не верувам дека некој ја видел колава во живо, како што треба. Па воопшто да имаме простор за дискусија. Можда е крш невиден, можда вреди и многу повеќе...
И Минито што го купив се продаваше за 17-18 илјади. Не дека не вредеше толку, али тука не можеше толку да се продаде затоа што ситуацијата е таква каква што е. И М3кава можда ќе се шитне за многу помалце од 19 илјади, али не значи дека не вреди 19, реално.