Имаше еден лик од Скопје, на времето кога работеше Blue Cafe кај сеа што е Порта Македонија.
Нешто го изнервираа од Blue Cafe (не се сеќавам веќе на детали оддамна беше), дечково се накурчува и отиде во Солун и изрента жолто F430.
Се сеќавам на некоја сума од 800-1000 евра од ден така беше. Така ми е во сеќавање.
На крај го паркира пред Blue Cafe. Наводно кој и да бил менаџер во Блу тогаш им рекол на сите да се тргнат да го паркирал Ферарито пред самиот кафич и дека за цело негово друштво бесплатна пијачка ќе имаат цела вечер само Ферарито да е паркирано пред кафич.

Нормално овие стоки се направиле.
Доста се разчу фората и во Битола пред Расчекор истата година се случи истото.
Исто Ferrari F430 ама црвено (некаде имам и фотографија). Ако се сеќавам добро на крај Ferrari-то заврши на кров некаде во Пелагонија
