Ајде честито! Со здравје да си ги тркалаш напролет
Вииш, не знаев дека ист распоред на штрафови има со Лансерот... Јапанска тенкологија беее...
И јас мислам дека со затемнети стакла, ептен ке ти го личи количето. Тамбс ап!
Мишелинот се одлични гуми, меѓутим, како летна гума, ептен би ти ги препорачал Continental SportContact 3, Hankook Ventus V12, Toyo Proxes T1R и Vredestein Sessanta. Dunlop SportMaxx TT се многу дволични, односно, би требало да се фантастични гуми, ама од друга страна, во повеќе наврати не се покажале како што треба. Што е до другите што ги наведов, Continental имам и сум презадоволен од нив, Ventus V12 е веројатно најдобрата гума некад произведена во Кореја, а дефинитивно најдобра на Hankook, Тоуо-то се апсолутно најодлични, ги имав на прошлата кола, само се малце тешки за наоѓање и Vredestein се многу добри и на лик, и на дело.
Е сега, верувам дека најголема разлика ке ти прави цената, ама кога си спремен да дадеш колку што чинат Michelin (колку што знам, секогаш се најскапи во својата класа), земи раскопај на нет, и види кои најмногу би ти фатиле око. Моја лична убер-најголема препорака: Conti SPC3 и Toyo Proxes T1R.