Автор Тема: OZ X-Line Power 16"x7.5" 5x114.3  (Прочитано 13492 пати)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
OZ X-Line Power 16"x7.5" 5x114.3
« на: 17 Декември 2010, 16:48:24 pm »
Поради големиот попуст кој го добив се одлучив да ги земам сега, иако ќе ги монтирам на пролет. Дотогаш ќе ги чувам во гаража, а станува збор за алуминиумските фелни од насловот.





Ќе бидат монитрани на следнава Mazda 6 2005:



На пролет ќе и ги затемнам и стаклата, па така мислам дека фелните кои ги избрав ќе и стојат фантастично. Ќе бидат облечени со Michelin Primacy HP 205/55R16 што мислам дека се едни меѓу најдобрите неколку за таа димензија. Ако има нешто подобро за тие пари слободно сугерирајте.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: OZ X-Line Power 16"x7.5" 5x114.3
« Одговори #1 на: 18 Декември 2010, 01:26:12 am »
Ајде честито! Со здравје да си ги тркалаш напролет :)
Вииш, не знаев дека ист распоред на штрафови има со Лансерот... Јапанска тенкологија беее... :)
И јас мислам дека со затемнети стакла, ептен ке ти го личи количето. Тамбс ап! :) Мишелинот се одлични гуми, меѓутим, како летна гума, ептен би ти ги препорачал Continental SportContact 3, Hankook Ventus V12, Toyo Proxes T1R и Vredestein Sessanta. Dunlop SportMaxx TT се многу дволични, односно, би требало да се фантастични гуми, ама од друга страна, во повеќе наврати не се покажале како што треба. Што е до другите што ги наведов, Continental имам и сум презадоволен од нив, Ventus V12 е веројатно најдобрата гума некад произведена во Кореја, а дефинитивно најдобра на Hankook, Тоуо-то се апсолутно најодлични, ги имав на прошлата кола, само се малце тешки за наоѓање и Vredestein се многу добри и на лик, и на дело.
Е сега, верувам дека најголема разлика ке ти прави цената, ама кога си спремен да дадеш колку што чинат Michelin (колку што знам, секогаш се најскапи во својата класа), земи раскопај на нет, и види кои најмногу би ти фатиле око. Моја лична убер-најголема препорака: Conti SPC3 и Toyo Proxes T1R.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: OZ X-Line Power 16"x7.5" 5x114.3
« Одговори #2 на: 18 Декември 2010, 10:12:31 am »
Toyo T1R во Македонија, ептем тешко да се најде.. А и ако успееш, ке биде по некоја ненормална цена. Иначе, одлична гума, и прилично долготрајна.

Здравје, пролет да дојде, па можда ќе го пролепшујам и ја Леонот in the wheels department.

Честито за бандашите, ко што рече колегава, со здравје да ги тркалаш.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: OZ X-Line Power 16"x7.5" 5x114.3
« Одговори #3 на: 18 Декември 2010, 11:41:23 am »
Не знам дали ќе може такви гуми да најдат и ако разликата во цена е огромна, а во перформанси (секако не се тркам) маргинална, нема поента да ја барам воопшто. Значи гумите ќе ги земам од Пнеуматик, како што се договорив со газдата кој ми даде добри цени за сите работи комплет. Од избор има Дналоп, Пирели, Континентал, Мишелин и можда некои други, но нема Тојо. Во принцип може да најде се што се продава кај нас, па ако има кај нас нешто подобро може да ми го набави. Но во секој случај, треба и сакам да земам гуми од кај него.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: OZ X-Line Power 16"x7.5" 5x114.3
« Одговори #4 на: 19 Декември 2010, 14:46:44 pm »
Паметен избор за Пнеуматик, и ја си го имам муабетот со нив :)
Арно ама, јас кога се „опремував“, немаа Continental, а бев решен да земам SPC3, пошто Michelin ми беа одвратно скапи, а како што кажав погоре (или можда во друга тема :) ), Dunlop се малце дволични. Од твојот горенаведен избор, раскопај по нет за Pirelli P Zero Nero и Rosso, види што мисли раја. Имам разбрано дека се доста добри. Моја лична препорака останува Continental SportContact 3.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: OZ X-Line Power 16"x7.5" 5x114.3
« Одговори #5 на: 19 Декември 2010, 14:56:53 pm »
Честито за бандажите! За мој вкус премногу шминкерски, јас сакам поедноставни бандажи. Али нема јас да ги возам :)

Што се однесува до гумите, ако имаш добра цена за Мишелинот, go for it!
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: OZ X-Line Power 16"x7.5" 5x114.3
« Одговори #6 на: 19 Декември 2010, 16:16:54 pm »
И јас би некои покласични ама нема везе. Во секој случај не треба да се вози раткапна (освен зимно време можда) по улици. Тамбс ап! Па да му се невиди не се шетаме по папучи низ град, па не треба ни колата да ја пуштаме во топлинки (раткапни).

Отсутен SceMax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
  • In Diesel We Trust !!!
Одг: OZ X-Line Power 16"x7.5" 5x114.3
« Одговори #7 на: 19 Декември 2010, 21:47:22 pm »
Dobri "wheels" , so dobri geni !  Za gumi, Michelin vo RM otkoga pamtam se smesno preceneti vo sekoj aspekt. Dobri geni no ne tolku dobar odnos vlozeno/dobieno.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: OZ X-Line Power 16"x7.5" 5x114.3
« Одговори #8 на: 03 Март 2011, 23:39:53 pm »
По која цена ги зеде бандашите ???
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: OZ X-Line Power 16"x7.5" 5x114.3
« Одговори #9 на: 04 Март 2011, 07:42:07 am »
450 евра на попуст од 50% од Пнеуматик. Истите во Карнер беа 900.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: OZ X-Line Power 16"x7.5" 5x114.3
« Одговори #10 на: 04 Март 2011, 13:14:42 pm »
Баш ме занима како ќе изгледа колава со бандашиве. Све ми се чини дека ќе бара и други зафати.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: OZ X-Line Power 16"x7.5" 5x114.3
« Одговори #11 на: 04 Март 2011, 17:18:41 pm »
Баш ме занима како ќе изгледа колава со бандашиве. Све ми се чини дека ќе бара и други зафати.

Па пошто се 16ки, нема да изглеа толку добро колку што би можела :)
У најмала рука ќе бара спуштање малце, арно ама, коа е чоек со подмладок, ако тоа му е единствена кола, спуштањето не е баш високо на приоритетна листа :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: OZ X-Line Power 16"x7.5" 5x114.3
« Одговори #12 на: 04 Март 2011, 17:33:10 pm »
Така де.. види од дигањето што последици има.. ;)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: OZ X-Line Power 16"x7.5" 5x114.3
« Одговори #13 на: 06 Март 2011, 14:06:09 pm »
Ќе ја поткренам малку да ми биде ко на Веле струмичанецот
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: OZ X-Line Power 16"x7.5" 5x114.3
« Одговори #14 на: 22 Март 2011, 23:20:47 pm »






Имам да додадам уште неколку ситници за да изгледа онака како што сакам. Потоа ќе оди на убаво сликање (мислам дека Дени се пријави доброволец за сликација), па ќе ја апдејтовам гаражата. :D
Ум шо идит отпосле не јет ум!