Автор Тема: Реставрирање на автобус, пренамена за мобилен дом (RV)  (Прочитано 943 пати)

Отсутен milanps

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Здраво дечки,

Имам еден пријател што купил автобус во Холандија и би сакал да го реставрира/пренамени како подвижен дом ( RV).
Идејата му е да го донесе со возење до Македонија и тука да најде некоја фирма/човек која би го пренаменала целосно (нормално дека кај нас веројатно би коштало значително помалце него Холандија).

Не знам дали има некоја фирма што работи вакви работи или некој човек кој би се нафатил да ги брка сите потребни мајстори за да се изведе оваа идеја (столари, водоводџии, електричари, авто-лакери...).
Па би ве замолил ако некој има некаква информација за ваква фирма или човек да ја сподели со мене . :)
 
Ви благодарам.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=4268562

Бујрум :)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1728
Нека си го среди во Холандија.

Тука мајстор за промена на чешма не може да најдеш и да завршиш работа без нервози.
Се што мисли дека ќе заштеди во Македонија - нема да заштеди. Само нерви ќе изгуби и ќе му се скрши кеифот за проектот.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Евентуално Бугарија да се види, ама секако ќе е нехумано скапо ако не го правиш сам.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Во бугарија има специјализирани фирми за пренамена. Полска би била евтина опција. Нека праша дали потоа ќе му дозволи северната дупка да го регистрира и вози како такво возило, дали ќе подлежи под д категорија и ќе треба да полага за возачка и да исполнува други услови за возење. Комплицирано е малку.

Sent from my iPhone using Tapatalk