Денес Аце и Игор од сервис Мето, прописно се испотија за 166-кава. Не сака да биде центрирана по „машина“, мораше стручњаците од сервис Мето да се испотат едно саат и кусур за 166-ката. На крај резултатот е фантастичен! Тестирано до Дојран, без ниту една забелешка (ок де, воланот стои 1/2 степен на лево..).
Момците во Понеделник ќе ги почастам, пошто навистина ги препотив, а и се напраи ред за чекање од 5-6 коли. На крај рекоа „ова е рекорд на враќање на колата на рампа и пробување“
Секако она што го спомнавме, дека си ја знаат работата и не ти ја даваат колата без да ја пробаат е битен фактор!
За разлика од нив, сервисот на Илинденска, не заслужува вакви пофалби. Све е ок ако им однесеш стандардно возило, кое се „поклонува“ на податоците од база. Ако е вон спецификации - наах, не се трудат многу.
Уште еднаш препорака за момците во Кисела Вода, и сомничавост кон момците од сервисот на илинденска (им ја поштуем машината, и стилото немам проблем да го носам кај нив, ама ако треба мајсторија да се покаже - Сервис Мето!)