Дечки, бев на центрирање во Боми без да имам никаков проблем (барем јас немав сетено да имам некој проблем), туку чисто како превентива да се провери и ако треба да се центрира како што треба.
Е сега, јас воопшто не се разбирам во вредностите, досега сум носел во Прилеп и никогаш не ми давале испечатени вредности за да би можел да ги разгледам. Овде ми дадоа таков лист и малку ми се чудни вредностите.
Мајсторот ми кажа дека подвозјето е супер, но дека е многу спуштена (имам Eibach pro kit) и дека моменталното подесување е како за колите кои што ги спремале за тркање/стаза. Но како што гледам во вредностите пред/потоа, нема некои разлики од претходно каде би се сменило тоа "тркачко"подесување и евентуално нерамномерно трошење на гуми (немам забележано нерамномерно трошење на гуми на летниот сет гуми кој го возев ~9000 km). Мајсторот правеше промени само на предниот трап, на задниот не смени ништо.
Ај совет од некој што се одбира, дали центрирањето е добро или сепак треба да појдам на корекција? Колата се однесуваше супер со поагресивно возење (ако тоа е некаков репер за добро центрирана кола). Бидејќи нема некои големи промени, верувам дека нема да има промени во возните карактеристики и после центрирањето. Ја повозив околу 250км и се е исто како претходно.