Volkswagen со нов мотор на метан, микрохибрид и функција „едрење“
На симпозиумот за мотори во Виена, Volkswagen ги најавува претстојните и идни новитети во погонската спрега. Golf BlueMotion го гасне моторот при одземање гас и заштедува 0,4 литар гориво. За помалата класа е наменет новиот 1.0 TGI со 90 КС и погон на метан. Иднината е за платформата MEB, којашто ќе ја користи цела палета модели со погон на струја.
Производителите пристигаат со нови погонски единици и најави за иднината на Симпозиумот за мотори во Виена. На оваа своевидна парада на инженерските одделенија, Volkswagen годинава се посветува на три подрачја: Електрификација на погонската спрега, унапредена функција на едрење и нов мотор со погон на метан.
За првпат кај Volkswagen се применува целосно „едрење“, односно гаснење на моторот при отпуштање на педалот за гас. Системот наречен FMA (Freilauf Motor Aus) ќе се користи во новиот Golf TSI BlueMotion, чијашто продажба стартува налето. Во комбинација со менувач DSG, моторот автоматски се деактивира кога возачот ќе го пушти возилото да се движи по инерција при брзини до 130 километри на час. Според Volkswagen, системот FMA донесува заштеда од 0,4 литри гориво на сто километри, односно двојно повеќе во споредба со досегашната функција на едрење, во којашто моторот продолжуваше да работи.
Дополнителен литиум-јонски акумулатор обезбедува струја при изгаснат мотор

Разликата кај новото „едрење“ е во постоењето дополнителен литиум-јонски акумулатор, за снабдување на електричките потрошувачи додека е изгаснат моторот. Протокот на струја меѓу литиум-јонскиот и оловниот акумулатор го регулира таканаречена Q-диода. По завршувањето на модусот на едрење, 1,5-литарскиот TSI Evo стартува на различен начин, зависно од брзината и условите: Преку анласерот, преку спојките на менувачот DSG или ...
Платформата MEB ќе се користи за цела низа модели со електричен погон
За катализаторот брзо да ја постигне работната температура и да се намали емисијата на СО2, се користи постапката „ламбда-сплит“: При загревање на моторот и при ниско оптоварување, два цилиндра се снабдуваат со мрсна смеша, еден со сиромашна смеша. Покрај тоа, електричен грејач овозможува ламбда-сондата да проработи само десет секунди по ладниот старт.
Освен во техниката, Volkswagen инвестира и во имиџот на метанот и преку постојан дијалог со политичките актери и индустријата се залага за популаризација на метанот. Ова алтернативно гориво во меѓувреме е достапно и на неколку станици за гориво низ Македонија. Модели со погон на метан и натаму отсуствуваат во пазарниот настап.
...
http://automedia.mk/objavi/27737