Автор Тема: Вести од Автомобилскиот Свет  (Прочитано 447760 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Јапонскиот Mitsubishi на пат да изгуби 886 милиони евра
« Одговори #1125 на: 24 Јуни 2016, 10:20:59 am »
Mitsubishi Motors соопшти дека компанијата е на пат да изгуби 886 милиони евра во оваа фискална година, поради скандалот во кој мораа да платат оштета на купувачите, откако беше утврдено дека лажат за потрошувачката на гориво.

Mitsubishi во април оваа година призна дека ги фалсификувал тестовите за потрошувачка на гориво и тоа кај скоро сите модели на автомобили продадени во Јапонија во последниве 25 години, манипулирајќи со податоците за да ги прикажат автомобилите како поефикасни од што се во реалноста.



Со оглед на скандалот и опаѓањето на продажбата во Јапонија, директорот на компанијата изјави дека ќе даде оставка. Очекуваната загуба, наспроти минатогодишниот профит, ќе биде првата годишна загуба во осум години за овој производител на моторни возила кој се бори со срамната афера.

Прогнозираниот минус е двојно поголем отколку што предвидуваа аналитичарите, бидејќи Mitsubishi се соочува со големи трошоци за оштета.

Од Mitsubishi вчера најавија дека ќе продолжат да ги продаваат четирите модели во Јапонија кои се во центарот на скандалот.

Nissan минатиот месец им фрли "појас за спасување" на Mitsubishi, најавувајќи ги плановите за купување на една третина од сопственичкиот удел за 272 милиони евра, со цел да направи сојуз кој би конкурирал на некои од најголемите светски автомобилски групации.

http://zazabava.com/japonskiot-mitsubishi-na-pat-da-izgubi-886-milioni-evra

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1126 на: 08 Јули 2016, 16:49:10 pm »
https://www.rt.com/business/350191-toyota-shuts-lifts-yen/?utm_source=browser&utm_medium=aplication_chrome&utm_campaign=chrome

Следно, нека ги заменат сите светилки од лед 10W со 5W. Ќе заштедат уште 250$ на струја. Браво за Toyota, кретени на векот. Следниот месец пак ќе платат некој казна во Америка во висина од 25 билиони, затоа што нешто утнале или заштедиле во евтините им каначки. Важно некој шеф си го исполнил планот за годинава и ја заштедил фирмата.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1127 на: 11 Август 2016, 07:28:29 am »
Toyota Corolla веќе по којзнае кој пат се наоѓа на врвот на листата на најпродавани модели во светот – во првата половина на 2016 јапонскиот компактен седан се продаде во 643.298 примероци и покрај падот на продажбата од 1,2%. VW Golf пак имаше пад на продажбата од 1,8% и постигна бројка од 500.630 продадени примероци.

На трето место е интересно најпродаваниот пикап во САД Ford F Series, чија продажба порасна за 12,6% на 478.394 примероци, веројатно поради падот на цената на горивата – пикапите се големи потрошувачи на гориво. Ford со Focus го зазема и четвртото место, но со голем пад на продажбата од 16,4% и 367.479 продадени примероци.

Резултатите се инаку собрани од Focus2Move и се однесуваат на 140 светски пазари. Вкупно во првата половина се продадени 45,8 милиони автомобили.

Еве ја и целосната листа на 10-те најпродавани автомобили во светот за првата половина на 2016 година:

1.    Toyota Corolla - 643.298
2.    Volkswagen Golf - 500.630
3.    Ford F-Series - 478.394
4.    Ford Focus - 367.479
5.    Hyundai Elantra - 363.490
6.    Volkswagen Polo - 358.602
7.    Toyota RAV4 - 346.791
8.    Toyota Camry - 339.611
9.    Honda CR-V - 333.597
10.  Chevrolet Silverado - 307.845



http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=8386

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг:
« Одговори #1128 на: 11 Август 2016, 07:52:51 am »
Откога ја опраија на изглед Лантрава одма почна да се продава. Не за џабе кинезите на све праат копии.
А королава браво, дури да не ти се верува како се држи.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1129 на: 11 Август 2016, 13:09:39 pm »
Не знам за на запад, ама кај нас Королата ја даваат ептен поволно. Дизелче за 14990 1.4D-4D - 90 коња
Кај нас почна да се купува многу не на запад.

Голф дизел е околу 19700, 1.6Tdi исто 90 коња.

5000 факин евра повеќе.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7366
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1130 на: 11 Август 2016, 13:23:06 pm »
Пред неколку години за 14.500 продаваа Yarris 1,4 D4-D со Terra опрема.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1131 на: 11 Август 2016, 13:40:38 pm »
Toa ме чуди, кај нас Тојота е обично скапа кола.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1132 на: 11 Август 2016, 13:59:05 pm »
mislam deka azija so kafkasot i arapive (bez nafteni polinja) toyotava mnogu pojke od nas ja vozat... im doaga edna klasa pogore od korejskive i drzi cena vtrora treta raka...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1133 на: 12 Август 2016, 18:33:00 pm »

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4290
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1134 на: 23 Август 2016, 15:50:27 pm »
VW ќе го запреше производство, недостиг на делови

http://www.telegraph.co.uk/business/2016/08/22/vw-suspends-production-at-six-german-plants-over-supplier-row-wh/

Najbogatiji Bosanac zaustavio proizvodnju Golfa

http://off.net.mk/links/nabrzinka/46269

Ама исгледа се договориле:

http://www.poslovni.hr/strane-kompanije/volkswagen-se-dogovorio-s-bosanskim-poduzetnikom-316897
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1135 на: 30 Август 2016, 10:43:58 am »
Првиот автомобил на „чудната” листа на Кларксон на најлоши автомобили од 2015 и 2016 година е актуелната генерација на моделот Астра на Опел, кој своеглавиот Британец го опишал како „црвен автомобил со турбополнач за кој не може да се каже ништо повеќе”. На Кларксон многу повеќе му се допаѓа Форд Фокус.

За актуелната генерација на Шкодиниот репрезентативен модел Суперб, Кларксон вели: „Има душа толку колку што има душа фрижидер”.

Многу подобро не поминал ни новиот кросовер Кадјар dCi 130 на Рено: „Досада!” – вели Кларксон.

На листата е и Хјундаи i800 за кој Кларксон смета дека всушност треба да биде на листата на најлошите автомобили на сите времиња.

„Попрво би нанесувал крема на задникот на Џејмс Меј отколку повторно да патувам во ова комбе. Хјундаи има добри автомобили, но овој не спаѓа меѓу нив, бидејќи е грозен, бавен и бескрајно досаден”.

Меѓу најлошите е и супер брзиот британски автомобил Зенос Е10 S за кој Кларксон вели: „Забавен е се додека можете да ја поднесувате бучавата и додека не ви затребаат сопирачките. Не е забавно да се оди кон дрво во облак од чад кој го создаваат блокираните тркала”.

Тука е и БМВ Х1 хDrive 25д. Кларксон го опишува вака: „Се чини дека во компанијата БМВ навистина не сакале да произведуваат модел Х1 од првата генерација. Потоа се одличиле да го прават во Индија, Кина и Русија. И делува како да е направен таму. Со оглед на добрите резултати од продажбата на тие мешалки за бетон, во БМВ направија и Х1 и втора генерација., На тестот возев модел со погон 4х4, а веќе на треба автомобилот беше неупотреблив. Новиот Х1 всушност не е лош, но е далеку од тоа што на себе треба да ја носи ознаката БМВ”.

За Сеат Леон Х-Perience Кларксон вели дека е „неопислива загуба на метал, стакло и пластика. Мило ми е што Сеат го пушти овој автомобил на тест, бидејќи потоа го потврдив моето претходно мислење дека нивните автомобили се чисто губење на време” – вели на крај Кларксон.

Поради својата непрефинетост и неупотребливост надвор од тркачките патеки, Кларксон меѓу најлошите автомобили го сврсти и Нисан GT-R Track Edition за кој вели дека е опасен и целосно неупотреблив.
Првиот автомобил кој Кларксон го поседувал бил оригинален VW Scirocco. Колку што секогаш го фалел, толку сега го критикува актуелниот истоимен модел кој има дволитарски TDI мотор.

„Ангелот се претворил во лос. Погрешно звучи и темелен е на Голф 6 наместо на многу подобриот Голф 7. Се заедно, само ме потсетува на тоа колку го сакам Голф GTI”.

На Кларксон, на крај не му се допаѓа ни кросоверот Инфинити Q30 кој има 2,2 литарски дизелски мотор.

„Прегласно, без доволно сила за претекнување на обичен кампер. Ако ништо друго, не изгледа лошо”.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1136 на: 30 Август 2016, 11:03:16 am »
Првиот автомобил на „чудната” листа на Кларксон на најлоши автомобили од 2015 и 2016 година е актуелната генерација на моделот Астра на Опел, кој своеглавиот Британец го опишал како „црвен автомобил со турбополнач за кој не може да се каже ништо повеќе”. На Кларксон многу повеќе му се допаѓа Форд Фокус.

Типично за Опел, исто како него ги доживувам.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1137 на: 01 Септември 2016, 12:09:12 pm »
Системот за вбризгување на вода во разводната цевка, кој се користи кај тркачкиот автомобил BMW M4 GTS, за три години ќе се појави и кај стандардните автомобили. Технологијата на германската компанија Bosch ќе се нуди на сите производители кои ќе пројават интерес.



Системот користи дестилирана вода која поминува пред посебна млазница. Течноста се чува во посебен сад, кој кај BMW M4 GTS се наоѓа во багажникот. Водата се вбризгува со помош на специјална пумпа со притисок од 10 бари, а потребното количество се одредува од електронски систем во зависност од брзината на моторот и температурата. Слична технологија го подобрува значително процесот за согорување, се намалува температурата и истовремено ја зголемува моќноста на моторот за околу 5%. Во исто време се намалува потрошувачката на горивоза 13%, а и нивото на штетни гасови СО2 за 4%.






- Овој систем работи најдобро со мотори кои нудат повеќе од 109 КС на литар - објасни еден од шефовите на Bosch, Фабијан Пјаца. - Ние ќе го понудиме нашиот систем на пазарот во момент кога барањата за нивото на штетни гасови за новите автомобили ќе станат уште построги.

 

Според зборовите на Пјаца при масовните автомобили технологијата нема да се разликува од онаа што се користи кај тркачкиот M4 GTS. Единствената разлика може да биде во количеството вода, што му е потребна на  системот. Во моделот на BMW таа е околу 5 литри. Од Bosch дополнуваат дека во системот има сериозен интерес од страна на голем број на производители и со нив веќе се водат преговори. Кои се тие, засега не се соопштува?

http://avtoplus.mk/Statija/Sistemot-za-vodeno-vbrizguva%D1%9Ae-vo-motorot-stanuva-seriski

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44961
  • Il Moderatore
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1138 на: 01 Септември 2016, 18:50:42 pm »
Water injection сам по себе не придонесува за зголемување на снагата. Но може да дозволи зголемен буст - кој придонесува за зголемување на снагата. Не е само тури water injection  и оп 5% снага. Water inj. е директно ладење на горивото во моторот, што придонесува за намалување на ризикот од knock, но од друга страна, одреден дел од горивото е заменето со молекули на водена пареа, па ако нема детонации, практично моторот би произвел помалку снага доколку не се зголеми бустот.

Сепак, јас би стаил WI на мојата кола сега во моментов ;D
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Вести од Автомобилскиот Свет
« Одговори #1139 на: 02 Септември 2016, 08:31:53 am »
Така и пишува во текстот. Иако мислам дека има и други придобивки од водата.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need