Ford најави 2.0 литарски EcoBoost, полициски седан со 240КСFord Motor Co. најави претставување на 2.0 литарски EcoBoost полициски седан, кој е дизајниран да ги задоволи потребите на полициските единици, со намера да ги намали трошоците за гориво.

Овој модел е базиран на Тaurus седанот, а новото полициско специјално сервисно возило ќе ги задоволува потребите на детективските агенции, администраторските, полициските и агенциите за воспоставување на ред и мир, со намера да ги намалат трошоците за гориво, со замена на пресретнувачите кои досега беа потпомогнати од V6 агрегати, во областите каде не е потребна потера по други автомобили.
2.0 литарскиот EcoBoost агрегат располага со 240КС со што потрошувачката на гориво ќе биде значително намалена. Автомобилскиот производител додаде дека 2.0 литарскиот Тaurus ќе и зачува на полицијата околу 5.000 долари за три години, ако автомобилот е возен по 30.000 милји годишно.