Кај нас во цела држава дали 10тина полначи има, а и низ околните земји не е сјајна работата. Така да ќе требаат минимум уште 30 години за да имаме некоја си инфраструктура.
Само ЕВН има 35+ полначи низ Македонија. Плус, мислам дека има уште 10-тина Porsche Destination Charging на различни локации. Грубо, би очекувал да има околу 50 полначи, ако не и повеќе. И ќе има уште повеќе, секако.
Плус, како и во остатокот од Европа, ќе си дојдат компании што ќе си изградат полначи и ќе си наплаќаат. Исто како што компании направиле бензински пумпи и си наплаќаат. Фирми као Ionity и слични.
Другар летово дојде од Стокхолм до Кичево со Tesla Model Y Long Range, без никаков проблем. 2900 километри во правец, вкупно 150 евра трошоци за полнење.