Автор Тема: Кој како положи....  (Прочитано 122892 пати)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1893
Одг: Кој како положи....
« Одговори #600 на: 18 Март 2015, 23:27:30 pm »
Ајде честито :D

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Кој како положи....
« Одговори #601 на: 18 Март 2015, 23:30:31 pm »
Фала :)

Ај со среќа нека ти е. И овој пат на раскрсница, од главна во споредна улица враќаше во рикверц ?
фала, иначе враќав... За разлика од првиот пат (од споредна во главна) сега вратив од главна во споредна и ок беше..
Исто така и на еднонасочна возам ми вика најди пат тука негде за да се вратиме назад, а уствари назад несмее ;D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6666
Одг: Кој како положи....
« Одговори #602 на: 18 Март 2015, 23:41:03 pm »
А што правиме со тоа обучување што ви го даваат да се вракате наназад во зона на раскрсница е недозволено дејствие и се казнува ?

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Кој како положи....
« Одговори #603 на: 18 Март 2015, 23:50:05 pm »
Дозволено е од главна да свртиш во споредна, за да се вратиш назад по патот по кој што си дошол :)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6666
Одг: Кој како положи....
« Одговори #604 на: 18 Март 2015, 23:56:53 pm »
Не ќе да е така :)
Цитат
Член 35
(1) Возачот кој е со намера да се движи со возилото наназад, може да го
изврши тоа дејствие само на краток дел од патот и ако со тоа не го загрозува
или не ги попречува другите учесници во сообраќајот.
(2) Кога возачот се движи со возилото наназад, должен е да се движи по
онаа страна од коловозот по која се движел дотогаш со возењето нанапред.
(3) Возачот не смее со движењето на возилото наназад да влегува во
крстосница,
да преминува патен премин преку железничка пруга во ниво, ниту
да вози на преслапи, кривини и други места, ако прегледноста е недоволна.
(4) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
(5) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (3) на овој член.

И како го оценуваш тоа дејствие кога ти враќаш во рикверц во зона на раскрсница, а јас со возилото прописно по десната лента надоаѓам од споредната улица према раскрсницата ?
Или пак возам по главната улица и имам намера да продолжам право, а ти си решил да враќаш наназад, а јас сум со предност пошто сум по главна улица ?

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Кој како положи....
« Одговори #605 на: 19 Март 2015, 00:01:07 am »
Абе јас не влегувам, излегувам наназад..Иначе ваљда комисијата знае повеќе па бара да се вози правилно.. не се глупи па да бараат да возиш (враќаш) незаконски ? 

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1386
  • Велешанче
Одг: Кој како положи....
« Одговори #606 на: 19 Март 2015, 00:05:25 am »
Па финтата е да те збунат, да видат како ќе постапиш во таа ситуација за да можат да те кутнат.
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Кој како положи....
« Одговори #607 на: 19 Март 2015, 00:07:38 am »
Абе јас не влегувам, излегувам наназад..Иначе ваљда комисијата знае повеќе па бара да се вози правилно.. не се глупи па да бараат да возиш (враќаш) незаконски ?  

друже... дали ситуацијата што ја објаснуваш (пошто и јас не ја сваќам нити знам како легална) е овака претставена како на сликава... ако ги земеш од 1 до 5 да е правецот и редоследот на движењето?



помеѓу 3 и 4 возиш во рикверц?



Па финтата е да те збунат, да видат како ќе постапиш во таа ситуација за да можат да те кутнат.

па него го “кутнале“ прошлиот пат затоа што не направил така...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6666
Одг: Кој како положи....
« Одговори #608 на: 19 Март 2015, 00:08:33 am »
Па значи влегуваш во главната улица, потоа возејќи во рикверц влегуваш првин во раскрсницата, па потоа во споредната уличка, па потоа пак влегуваш во раскрсницата и возиш по патот по кој ти рекле ајде враќај се назад, така ?
Ова е жалосно ако вака ве обучуваат, ама не си ти крив, тие се криви што така тераат. Нека кажат по кој основ тоа дејствие е дозволено. Што е со ситуациите во кој ти кажав, доаѓаат возила кон раскрсницата, а ти враќаш во тие моменти назад ?
Ај пробај на раскрсницава тоа дејствие изведи го ако е правилно ?

И после ке испадне министеркава со бркови и ќе тера кампања за безбеден сообраќај.

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1386
  • Велешанче
Одг: Кој како положи....
« Одговори #609 на: 19 Март 2015, 00:12:01 am »
Јас разбрав дека го бутнале заради тоа што му рекле да најде пат за назад и он свртил на раскрсница како што објаснуваше.
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6666
Одг: Кој како положи....
« Одговори #610 на: 19 Март 2015, 00:13:40 am »
Не, од споредна во главна враќал во рикверц како што знам и затоа и таму грешка имал на кружниот тек и затоа.
Но ниту враќањето од главна во споредна или споредна во главна, притоа навлегувајки во зона на раскрсница, не е дозволено и е доста опасно дејствие. Затоа незнам по кој основ ве обучуваат вака.

Во претходниот пост ви ставив слика од раскрсница. Ајде изведете го тоа дејствие со враќање од главна во споредна улица.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Кој како положи....
« Одговори #611 на: 19 Март 2015, 00:17:23 am »
Јас разбрав дека го бутнале заради тоа што му рекле да најде пат за назад и он свртил на раскрсница како што објаснуваше.
Свртив од спореден на главен пат.. А требало од главен во спореден...

Абе јас не влегувам, излегувам наназад..Иначе ваљда комисијата знае повеќе па бара да се вози правилно.. не се глупи па да бараат да возиш (враќаш) незаконски ?  

друже... дали ситуацијата што ја објаснуваш (пошто и јас не ја сваќам нити знам како легална) е овака претставена како на сликава... ако ги земеш од 1 до 5 да е правецот и редоследот на движењето?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

помеѓу 3 и 4 возиш во рикверц?


Да, комисијата бара исто како на сликава.. Така и свртив денеска..

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Кој како положи....
« Одговори #612 на: 19 Март 2015, 00:17:24 am »
Не, од споредна во главна враќал во рикверц како што знам и затоа и таму грешка имал на кружниот тек и затоа.
Но ниту враќањето од главна во споредна или споредна во главна, притоа навлегувајки во зона на раскрсница, не е дозволено и е доста опасно дејствие. Затоа незнам по кој основ ве обучуваат вака.

Во претходниот пост ви ставив слика од раскрсница. Ајде изведете го тоа дејствие со враќање од главна во споредна улица.

се тоа супер друже, ама ти тука на сликава имаш крстосница од булевари, а не главен и спореден пат...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Кој како положи....
« Одговори #613 на: 19 Март 2015, 00:19:19 am »
Фило се работи за помала раскрсница, регурирана со сообраќајни знаци, не со семафори..

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6666
Одг: Кој како положи....
« Одговори #614 на: 19 Март 2015, 00:22:07 am »
Ама ако забележите кај семафорот десно, има баклава. Значи ако е регулирана со семафор, сепак има ознака која улица е главна, која споредна.

Еве ја сум ти комисија, доагаш на раскрсницава, и ти викам најди пат за назад. Обучаван си да вракаш од главна во споредна. Како би постапил тука ?