Еееееее времиња беа то ко полагав јас.
Татка ко ме тераше со сила:
- Ој море научи се да тераш, не тука овци да ми пасиш и волој да тераш. Ој не биди толку затуцан.
- Море старио, кај да ом море дамае*ам, неглеш оти колце сум, кој ќе ги учи тестојте!?
- Абе ќе средиме, знам оти си затуцан, да не беше затуцан немаше во второ да кепниш и во четврто ушеднаш. И во прво ќе те кепнеа, ама по правило беше да не се кепнува во прво, А не знаеше да кажиш, магарето букваро ти гизеде...арно забавиште не те пуштив, уште таму ќе беше...туку ај замисе тро, затријсе и ќојме да ти уплатам за да учиш кола да тераш.
Се замив, се дотерав ко селско дете за надоктур, колата под нас, јагнето на хауба (така се полагаше тогај, јагне, овца, сирење...) и дирек кај спорцката.
Договориме еден даскал за возење и тој праша:
- За шо категорија сакаш да полагаш?
- Бееееееееее! -се јаве јагнето од хаубата.
Арно шо му одгоре јагнето. И така се научив да терам лимузина и зедов лепасе за БЕ категорија...
Да се пошалиме тро

Инаку положив пред едно 8-9 години. Интересно поминав, комуникативен инструктор, комуникативен газда на авто школата. Не се сеќавам колку пари кошташе во тоа време.
На прво го положив и теоретскиот и практичниот дел.
Муабетот пред полагање на теоретскиот дел. Газдата на авто школата (воедно и еден од комисиите):
- Имате можност да потпрашате 2-3 прашања. Ќе ме прашате мене или колегата. Полицаецот немојте да го прашвате. Не дека ќе ве казни нешто, туку дека не знај да ви кажи точно...
