Velestrumf е онака некој си надимак, со кој пред многу години, брат ми произлезе со него, и го користеше краток период. После тоа он се откажа од него, па ја ги „откупив“ авторските права

Благодарност до него, што несакајќи ми „подари“ алтер-его

Штрумфоите ми беа меѓу поомилени цртани, а као што знаеме, Велештрумф ќе да им беше воѓа, стално им береше гајле на другите Штрумфои, ем башка едини што имаше шанса кај Штрумфета

Ениху, така ми дојде, некако се поистоветив со него (ликот на Велештрумф), па од тогаш си го прифатив тој никнејм.
Иначе тие што ја фатија добата на IRC, знаат дека порано можеше само 9 букви да се користат, и тоа понекад беше проблем, пошто људи ме тагираа како анти-скопјанец (VELESTRUM - на луѓе им асоцираше дека сум од Велес, или дека сум Веле од Струмица

)