Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1814063 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Сончогледовот масло е одлично, можеби подобро и од маслиновото. Рафинирањето не чини.
Имате во Веро extra virgin сончогледово и репкино масло. Прекрасни масла се за јадење, салати и слично, многу вкусни.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2622
  • Custom made interiors
Јас сум од Струмичко од земјоделска фамилија. До пред неколку години бевме редовни произведувачи на домати и ги продававме исклучиво на зелен пазар кило по кило не на кванташки. Домат убав слаток за јадење и имавме редовни муштерии што знаат каков е доматот и редовно си купуваат.

Последните 3-4 години какво сакаш семе купи и најскапото го купи само однадвор е убав, внатре е тиква нема никаков вкус на домат. Ќе го однесеш на пазар ќе ти дојде муштеријата ќе ти купи еднаш и вторпат не се враќа.

Две години веќе моите баталија производство на домат, не садат повеќе.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
А не си чувате од „слатките“ семиња за садење?

Може прашувам глупости, никогаш не сум се занимавал со земјоделие.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Не се глупости, само проблемот е што кај нас одамна ги научија земјоделците да купуваат семиња (наместо да си чуваат од старите семиња).

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8347
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Пооддамна се мислам да расчепкам на таванот од кујничката на баба ми и дедо ми. Имаше семиња.

Се надевам ќе ги најдам.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Мајка ми работе во оранжерии, тие што се за странскиот пазар се убави, сочни, од оние розовите што се вкусните, ама не може да се купе, им дават да си зимат за дома некогаш, ама не продават. Кај нас, за нашиот пазар се гледа најефтиното и најплодното. Само освен некој што си чува, стар, за себе и од семињата си уште саде, а да најдеш да купеш семе и да се погоди, тешко.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Тесла сметал дека свежиот зеленчук ја зголемува киселоста во организмот.

http://www.fakulteti.mk/news/16-12-28/kako_nikola_tesla_ja_odrzhuval_formata.aspx

Да, знаел за киселоста, а можно е и да ја измислил и неа, треба да се провери..

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Сите тие муабети „не јади кисело, ќе го скиселиш организмот и мош рак да фатиш“ и/или „јади алкални храни, ќе ја намалиш киселоста на организмот и ризикот од рак“ се живи глупости.

Пх факторот на крвта не се менува со јадење кисело, алкално итн. Ниту на желудникот (кој што е екстремно кисел бај дифолт).

Све што можеш со јадење кисело (малку) да скиселиш е мочката, но киселоста на мочката нема благе везе со киселоста на крвта или организмот. Ниту пак ќе фатиш рак ако мочката ти е кисела пошто претходно си јадел/пиел кисело.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Кисела храна <> храна која предизвикува киселост во организмот. Има многу такви примери, најголем е лимонот, кој е кисел, но има базни својства во организмот. Малку изненаден од твојот став спротивен на научниот :)


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Кисела храна <> храна која предизвикува киселост во организмот.

Точно. За жал, многу луѓе не се свесни за ова.

Има многу такви примери, најголем е лимонот, кој е кисел, но има базни својства во организмот.

Што значи „има базни својства во организмот“? Ако мислиш „го менува pH факторот“, тоа не го прави ниту една храна - pH факторот организмот си го регулира самиот, не е одреден од храната.

Малку изненаден од твојот став спротивен на научниот :)

Нема такво нешто, изглеа не си ме разбрал (т.е. јас не сум се изразил доволно јасно).

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Кај го ископа овој сајт пун со глупости жифти све... холистички терапии, хомеопатски третмани?

Уште еднаш: киселоста/базноста на организмот (т.е. крвта, ткивата итн.) НЕ СЕ МЕНУВА со јадење ова-или-она. Организмот тоа сам го регулира. Сите извори кои ќе ти кажат „јади X затоа што има Y ефект врз киселоста на телото“ можеш слободно да ги игнорираш бидејќи сигурно се работи за псевдонаучни срања со ултимативна цел да ти продаде нешто.

Тоа е исто ко да кажеш „ако јадеш топла супа, телесната температура ќе ти се качи над нормалната“. Нема. Тоа телото си регулира независно од тоа дали у устата тураш топла супа или грч ладно пиво.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
МИслам дека твојот став е контра научниот. Храната и тоа како влијае на киселоста на клетките. Киселоста предизвикува болест на клетките.

Сајтот го најдов заради видеото, али гледам пак си полн со предрасуди. Баш заради тоа што Тесла го застапувал ова мислење, верувам во него со 60%. ТОа е голема бројка на доверба за скептик како мене.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
МИслам дека твојот став е контра научниот.

Напротив.

Храната и тоа како влијае на киселоста на клетките.

Обиди се да најдеш кредибилен извор кој ќе го потврди ова, а откако нема да успееш - сам помисли си зашто не си успеал.

Киселоста предизвикува болест на клетките.

Да, но киселоста на клетките не се менува со избор на ваква или онаква храна. Се што можеш евентуално да смениш е киселоста на урината, но таа е неповрзана со киселоста на остатокот од организмот (крвта, клетките итн...)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Aј вака, ти докажи дека си во право. Првин докажи дека тоа не е официјално прифатен став на медицината.


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need