Какви здравствени причини, етика. Зошто се фалиме дека не сем животни, туку нешто повисоко, тоа не е точно. ВО моментов сме пониско и од животните. Со исклучок на неколку тие убиваат само онолку што им е потребно. Со свест 3-5 пати понеразвиена од нашата, тие немаат избор. Ние сме тие што имаат избор. Ние можеме да одлучиме.
Некои од нас „се фалат“, јас знам дека сме животни. Голем дел од нашата ДНК го делиме со
наведи кое сакаш животно.
Кога ќе имаме избор да живееме здрав живот без јадење животни, тогаш ќе го прифатам тоа со големо задоволство. Дотогаш ќе живеам најздраво што можам, а веганизам засега е многу далеку од тоа.
Засега главна цел на нас луѓето треба да ни е КАКО ДА ПРЕЖИВЕЕМЕ КАКО ВИД!!
Ебаго, имаме многу поголеми проблеми одошто играње измислени етички игри.
Има изобилие на живот во вселената, некои од нив милијарди години понапредни од нас, веројатно постојат како чиста енергија. Но некои од нив се само 10тина пати понапредни и веројатно се месојади. Ако дојдат на земјата, ќе те стават во фарма, ќе те лупат и ќе те јадат, додека сеуште преташ. Исто како источните племиња што прават денес со понеразвиените животни.
„Има изобилие на живот во вселената“ ... хмм, законот на веројатноста се согласува со твојава претпоставка.
Но прашањето тогаш е: Каде е целиот тој интелегентен живот?
И така доѓаш до Фермиевиот Парадокс, а одоговорот на прашањето каде е интелегентниот живот најверојатно нема да ни се допадне и најверојатно е поврзан е со подвлечениот дел погоре (иако не буквално, затоа што шансите да имаме компатибилна биохемија е исклучително мал). Но мене реалноста нема да ме изненади, за разлика од тебе и другите кои живеат во измислените светови каде еволуцијата се базира на „финоча“ а не на сурови факти на преживување на најспособните.
Тоа е таа „придобивка“ на цивилизацијата, со сите измислени права и следувања - ете сега уникатни снегулки не се само разните малцинства, туку и животните. :-/
Реалноста е дека ако не „контактира“ поразвиена цивилизација, исходот најверојатно ќе биде ист како сите земјни цивилизации кои биле „откриени“ од понапредната европска цивилизација.