Ќе има 30тина анализи со секвенционирање, зависно кој ген сакате да го секвенционирате, т.е. испитате, доколку имате фамилијарна анамнеза за одредена болест или пак ве интересираат предиспозициите за развивање на истата.
Е сеа има егзомско секвенционирање (егзоми се делови од геномот и се формираат од егзони т.е. кодирачките делови од ДНА, кои се препишуваат во РНА и се синтетизираат протеини). Тоа чини 1000-1700 евра, зависно кој регион од егзомот го секвенционирате. Интрони, пак, се некодирачките региони од ДНА, и кои се сметаат демек за "junk DNA" (ама не се сите junk).
Whole genome sequencing е секвенционирање на целокупниот човечки геном, т.е. и егзони и интрони и ќе чини 2650 евра.
Инаку поединечните секвенционирања (пр. Кардиоваскуларно заболување, инфаркт, BRCA1 & BRCA2 за рак на дојка и јајници итн.) ќе чинат од 500-800 евра.