Site znaete kako teshkite slucai gi vrakaat vo drzavna.
Meѓутоа, тоа може да биде и од деловни причини, а не заради отсуство на стручност.
Јас да сум газда на приватна болница би ги праќал тешките и ризични случаи во државна и покрај тоа што можеби имам подобри лекари. Со времето кое ќе го потрошам на еден тежок пациент - ќе решам (читај: земам пари) од 10 други полесни случаи. Ем поише пари, ем реномето негибнато... недај боже овој тешкиов случај ќе умре, па луѓе ќе прашуваат „кој и каде го лечел“ дрн дрн, па иди после објаснувај на ужалени лаици што се тоа интристични ризици, проценти на успешност, непредвидени компикации, ово, оно... зашто да се ебавам со сето тоа? Ќе го пратам во државна и чао.
А да не збориме што тежок случај обично подразбира и висока цена на третман. А кај нас наплатата и онака е хроничен проблем, поготово кога треба да се бројат многу бончиња. Ќе ангажирам конзилиум и безброј човек-часови, за после да го бркам со години да се раздужи, па судови, извршители, агенции... секој претприемач радије ќе каже „не фала“.
Значи, не викам дека најдобрите лекари НЕ се во државна, ама не викам ни дека се. Само викам дека тоа што приватните лекари ги праќаат тешките на државно не мора да е показател за разлика во стручноста.
Недај боже да ти притреба некогаш болница или пак да го осетиш на своја кожа болдираното, никогаш и на никој не би го посакал тоа. Баш напротив така ке го изгубиш реномето. Не можам да прифатам ни да разберам како можете да мислете на профит кога се работи за човечки живот. Ако бидете стручни и искрени и секогаш ја кажувате вистината, без разлика колку и да е сурова, а не ке биде сигурно ова она, стручни сме, а забрават газа или ножички или штотизнам внатре. Нема од што да се плашете дали ке го загубете реномето, само картите да бидат отворени и докторите да бидат крајно професионални и претпазливи на дело, не на збор.
Еден пример ке кажам, мојата сестра еден бубрег тотално и откажал и не работил повеќе од 10 години, дури сега кога имаше болки дознале за што се работи. Ајде сега што е тоа е, мора еден да се извади за да не се оштети и другиот, ама како и обично мора да се фатат врски(да се мочам и у државата и политиката и здравството) за да се изведе операцијата. Како и да е, потплатеш докторот за да добиеш време за операција, платеш операцијата и си велиш добро е барем се ке се среде. Сестра ми имаше болки и раната не сакаше да заздравее више од година дена, оде на контроли пак ништо не знаат зошто е тоа така. После годинаипол закажа преглед во систина, објасни се што е како е, и на контрола и најдоа останал камен и загноило, не било исчистено убаво, затоа раната не заздравувала и плус добила кила(среќа што само тоа е штетата). Така ке биде се додека се лиже гз за мочана вмрвоска книшка и гласови, после народот ке бега, не бе од арно бега. Anyway, сестра ми плати приватно во систина околу 80к за операцијата да се исчистат останатите каменчиња, плус ке плате уште 70к за да се острани килата. Зошто? Поради стручноста во државна(па плус треба да потплатеш докторот, замисли која трагедија).