Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 2034686 пати)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
400 евра да заработуваш во Скопје, во 2027ма, треба да имаш некакви здравствени проблеми. Дали психички дали физички.

650-700 евра ќе ти дадат во првиот Стокомак кај што ќе влезеш и уште 200-250 ќе си извозиш Волт ако баш сакаш да дојдеш барем до 900. Лесно не е, но барем секој може да дојде до некоја пара.

Во Силбо за 12 часовна смена нудат две плати.

Ова се огласи на кои што секој ќе добие шанса. Буквално секој.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876

Брату, ако ти мислиш дека од 24 часа треба да работиш 15, океј оди, работи. Белким ќе живееш 110 години и ќе имаш време за сè, бидејќи само ќе работиш и нема да имаш време за ништо друго.

Тогаш ти не си роб, ти си патриот што си ја сака државата и местото каде што живее, бидејќи ти е убаво.Да те подсетам 2026 година нека трепка 26илјади е минимална плата помалку од 500 евра. И не ми збори за ништо друго крај на приказна.

Наместо да прогресираме како секој нормален континент, како Европа, каде што има систем, каде што колку-толку знаеш дека утре ќе дочекаш пензија и ќе имаш достоинствен живот, ние се убедуваме дека решението е да работиш 15 работи и дека 400 евра плата е супер одлично.

Друже, татко ми е онколошки пациент, со 38 години стаж, и зема ебени 22–23 илјади денари пензија. Здравјето си го остави на работа зошто и за кого? За да му праќаме пари за да преживее?плус тоа што плаќал здравство нема ништо и му одбивале за што му одбивале за да ме убедуванекој дека треба некој да работи ебени 15 работи и дека 400 евра е супер.

И доста со тие: „Ќе работиш во маркет“, „ќе работиш ваму“, „ќе работиш таму“, „после работа ќе фатиш уште нешто“. Заеби тоа! Ти зборувам за среден систем, колку-толку нормален систем во кој човек може пристојно да живее од својата работа.Се знае работа колку е значи таа ЕВРОПА 300 МИЛИОНИ СЕ БУДАЛИ а сами ние Во Македонија сме најпаметни со 400 евра и ке мудруваме како треба м?!

Абе, една Хрватска е поуредена и попристојна, па да не навлегувам во подлабоките пори на проблемот.

Не брани нешто што не се брани. Само си создаваш штета на сопствената иднина.

Ама добро, модерно време — ќе се гледаме преку камери, 1.200 километри далеку од дома.

Бидејќи со 400 евра не се живее. И никој нема толку време во животот за да работи 15 работи само за да преживее.

Свестен си и самиот за сè што зборувам.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7068
  • Шо да пишам тука?🤔
400 евра да заработуваш во Скопје, во 2027ма, треба да имаш некакви здравствени проблеми. Дали психички дали физички.

650-700 евра ќе ти дадат во првиот Стокомак кај што ќе влезеш и уште 200-250 ќе си извозиш Волт ако баш сакаш да дојдеш барем до 900. Лесно не е, но барем секој може да дојде до некоја пара.

Во Силбо за 12 часовна смена нудат две плати.

Ова се огласи на кои што секој ќе добие шанса. Буквално секој.
Скопје=Македонија?
Па 500€ зема останатиот дел од Македонија и тоа е причината за иселеност. Мислиш сакаме да седиме во туѓа вукојебина? Па само социјално да земаш повеќе пари ќе ти останат…

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4453
Шо знам, обичен работник во Кромберг зема 700е. Притоа има обезбеден превоз и храна. Веројатно и по другите  по големи фирми е слично.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7068
  • Шо да пишам тука?🤔
Само тие што работеле во Кромберг во Битола може да кажат како е тоа “црнчење”, исто како на бауштела во Немачка да си…
Бившиот тим лидер К.К ми е колега веќе 2 години и многу останати, работам со 10 Битолчани од кои пола од нив работеле таму. Лесно е да се седи дома и да се коментира без искуство. Гентерм е доста полесно и тоа го работат луѓе со фамилии кои нема каде да одат на друго место за жал, исто како во Мекдоналдс во Немачка (мора да имаат некаква работа за да им ја продолжат визата и за да опстанат, тие што се со мк документи).

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4453
Епа нели беше сите за 500е работат надвор од Скопје. Еве не е така. Јас да пишев и дека е 900е пак ќе беше муабетот дека е подобро Германија.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7068
  • Шо да пишам тука?🤔
Работев за 500€ во доста јака (Америчка) фирма, па затоа и напуштив, моментално таму земаат по 650€ плата што за млад човек кој сака да си овозможи нешто се навистина малку. Единствено занаетот вреди било каде и да си на планетава земја. Душата ме боли што сум далеку од дома на оваа возраст и многу посакувам да се вратам, ама кога прашав за работа највисоката понуда што ја добив беше 650€ и тоа во казино. Не го пишувам ова од инает, ниту од некаква лична корист, сепак да не ја труеме темава која е за здравство.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 784
    • ibiz.mk
Поубаво ви е германија нека ви е, седите таму и не се жалете колку тука е лошо.
Никој не ве праша како е здравствено и колку се плати во германија а колку кај нас.

Муабет е тука за здравствено
ChatGTP што секоја тема ја за**ре

Факт е дека здравствено е недај боже да ти затреба, али дефинитивни е подобро да имаш приватно отколку да се дава бакшиш на државни доктори за да те видат

Малечкиот со китки не спушта темп 4дена идеме државно за инфузија да го освежат
Еден час сеуште не дојдовме на ред(пред над 10души)
Отидовме систина додека потпишував документи го однесоа во соба кога се качив дете весело.
Не жалам ни денар што е дадени и затоа сакам да си наставам приватно.
Сега можам бруто плата си зимам

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
100% се согласувам со се што се кажува во врска со нефункционално здравство и општо цел државен апарат.

Поентата ми е дека во Скопје платата не е 400 евра.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
100% се согласувам со се што се кажува во врска со нефункционално здравство и општо цел државен апарат.

Поентата ми е дека во Скопје платата не е 400 евра.

Еве ти државна работа јавно објавен оглас пред 2-3 месеци.Значи и тоа со факултет 180 кредити нешто повеќе од 400 евра односно 26 илјади денари, неможам да го атачирам морам да компресирам бајти мегабајти имаш јавно достпни информации на сајтот провери и ке видиш колку е плата за државно Министерство за Финансии.Остај ти маркети што ги растртуваат како робови кои немаат никакви права на надоместоци и се како робови за нешто повеќе од 400 евра плата. ДАЈ БОЖЕ ДА си во право како што збориш со плативе.Прашај плати колку се во најјаките фирми алкалоид,окта и остали ке ти биде јасно. Не џабе индијци ке работат за 400 евра.Да ја затвориме темата околу тоа свестен си колку е плата.Здравоство е хорор дефинитвно

Пс - не ми се верува што дискутирам ебено збориме за 400 и 500 евра плата за 25 работни дена пу јазк! срамота
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3078
Работев за 500€ во доста јака (Америчка) фирма, па затоа и напуштив, моментално таму земаат по 650€ плата што за млад човек кој сака да си овозможи нешто се навистина малку. Единствено занаетот вреди било каде и да си на планетава земја. Душата ме боли што сум далеку од дома на оваа возраст и многу посакувам да се вратам, ама кога прашав за работа највисоката понуда што ја добив беше 650€ и тоа во казино. Не го пишувам ова од инает, ниту од некаква лична корист, сепак да не ја труеме темава која е за здравство.

Кога ти викавме земи учи да научиш нешто, ти тука се фалеше колку си препишал на матура. Епа затоа 650€ плата ти нудат.

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7068
  • Шо да пишам тука?🤔
Ќе ме спаси матурата хахаха
Жалосно што околината моја (во Македонија) работи баш за тие пари или е невработена, а голем дел од нив се со факултет. Прашај колку има вработени со факултет во Таскфорс и останати странски фирми (особено откако отворија работни места во Штип), колку од нив го баталиле факултетот или по добивање на диплома не можеле да влезат на државни места без партија, колку машински инженери имаме на форумов што не работат по струка, тоа е жално.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4453
Учеле факултет...еден куп запишале колку да се речи учев и можеби завршиле при тоа ништо не научиле, или насоката што ја избрале е крајно не перспективна. Барем јас знам многу такви.

Тие што беа запишани на салам факултети и учеа сите работат во струката или нешто многу блиску со тоа.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3078
Ќе ме спаси матурата хахаха
Жалосно што околината моја (во Македонија) работи баш за тие пари или е невработена, а голем дел од нив се со факултет. Прашај колку има вработени со факултет во Таскфорс и останати странски фирми (особено откако отворија работни места во Штип), колку од нив го баталиле факултетот или по добивање на диплома не можеле да влезат на државни места без партија, колку машински инженери имаме на форумов што не работат по струка, тоа е жално.
Ако не ти одговара муабетот секако дека ќе ја свртиш водата накај твојата воденица и ќе си го оправдаш изборот да не продолжиш да учиш. Ако учиш ради реда ич подобро не троши времe.

Ај запрашај се колку на форумов завршиле факултет и се успешни во струката што ја работат.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4131
Нека префрлат во вработување,според мене у мкд т.е цел свет најплатена работа е шофер на камион.Лупаат по 4000€ плата а немаа трошоци сметки,кирии,гориво,јадат спијат во камион.Се исплати човек да жртвува 3 години од животот барем ке заработи за еден стан…Искрено почнав да гледам камиони да отидам на 2-3 години нагоре (со тоа што можам да се враќам кога ке посакам).Мечето дај некој совет!

Sent from my iPhone using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)