Пред една ипол недела од левата страна во долните заби ми се направи како израсток нешто, ко топче на самиот заб и непцето. Бев на доктор рече дека е гној и ми даде некој појак антибиотик уште го пијам. Болката исчезна речиси освен на моменти а и израстоков се намали ама не многу. Ме интересира, дали може да е апцес? Не ми кажа што е само гној, рече ако не помини вака ќе го испуштиме преку канали. Многу ме болеше ама сеа не .Од што расти вака гној? Хигиена на заби редовно одржувам.
Во усната шуплина може да има до 11 врсти на грам-позитивни и грам-негативни бактерии.
Не значи дека ги имаш сите, ама може да ги имаш барем 5 или 6.
Јас мака мачев до крајот на 2019та година со отоци, парадонтоза, изгубив и 6 заба поради тоа. Чистење со ултразвук, со ласерски третмани потоа, плус плакнење уста со хидроген 3% и џабе.
И на крај за да се уништат тие бактерии морав да пијам два типа на антибиотици, Аугментин (во суштина е Амоксиклав) и Флажил. Веќе на третиот ден отоците ги снема
Додатно внесував и пробиотик бидејки оваа комбинација на антибиотици прави пепел на бактериите, вклучувајки ги и цревните бактерии, не сакаш во тоалет да заглавиш.

Откако средивме се ова, 6 месеци траеше процесот, на крај со порцелански горе и доле комплетно од 8ца до 8ца завршив, еве веќе 4та година сум со такви заби.
Од мене совет е да ти земат брис од усна шуплина, да се утврди точно присуство на грам позитивни и грам негативни бактерии за да се види од кој тип на антибиотик имаш потреба да пиеш бидејки ти можеби сега внесуваш и антибиотик за грам позитивна бактерија, а уствари имаш грам негативна бактерија и поради тоа уште мака мачиш, не ја уништуваш правата бактерија.
Затоа да се земе брис од усна шуплина од непца да ти утврдат точно присуство на кои бактерии ги имаш.